Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

Министерство за Финансии ја следи реализацијата на капиталните инвестиции со КАПЕФ механизмот

Министерството за финансии (МФ) втора година го следи процесот на реализација на капиталните инвестиции од страна на буџетските корисници преку воспоставениот КАПЕФ механизам, уреден во Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2021 и Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2022, кој предвидува награда за оние што ги реализираат своите планови согласно утврдените критериуми. Информацијата за реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од 2022 година денеска беше усвоена од Владата.

Согласно КАПЕФ механизмот буџетските корисници треба да имаат реализација на крајот на првиот квартал најмалку 15 отсто, од планираните капитални расходи, на крајот oд вториот квартал 40 отсто и на крајот од третиот квартал 65 проценти. Доколку не ги постигнат овие лимити, средствата се резервираат за капитални расходи во рамките на буџетот на буџетскиот корисник, без право на трошење.

-Доколку буџетските корисници од централната власт заклучно со вториот квартал во тековната година реализирале 40 отсто од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства, односно заклучно со третиот квартал во тековната година реализирале 65 проценти од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства, прераспределените средства им се враќаат, наведува Министерството.

На предлог на Владата, за користењето на средствата од резервираните капитални расходи, кои не се вратени одлучува Собранието на Република Северна Македонија со Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите или со донесување на измени и дополнувања на Буџетот.

-За министерот за финансии Фатмир Бесими тоа е веќе воспоставен систем, кој е познат на сите буџетски корисници и кои знаат дека доколку не го остварат поставеното ќе им бидат резервирани средствата. КАПЕФ механизмот се применуваше и во 2021 година и тој позитивно влијаеше на реализацијата на капиталите инвестиции во овие години, во кои се соочувавме и со криза. Така што податоците покажуваат на крајот на 2021 година има gреализација од 79 отсто од планираните капиталните расходи, дополнително што и во апсолутен износ капиталните инвестиции беа повисоки од претходните години. Имено, во 2021 беа реализирани 23,4 милијарди денари капитални инвестиции, велат од МФ.

Во првиот квартал од оваа година се реализирани 12,9 отсто од планираните капитални расходи. Во првите три месеци, односно од 1 јануари до 31 март 2022 година се реализирани 4,9 милијарди денари што претставува 23,5 отсто повеќе споредено со истиот период или за близу 1 милијарда повеќе.

Врз основа на примeната на КАПЕФ механизмот е утврдено дека буџетските корисници имаат неискористени 558 милиони денари, кои ќе им бидат резервирани.

На буџетските корисници од централна власт на кои им биле резервирани средствата, кога ќе реализираат 40 отсто од капиталните расходи од планираните во буџетот, Министерството за финансии ќе ги врати средствата во програмите и ставките од каде се прераспределени.

-Како Влада остануваме посветени на реализација на капиталните инвестиции и покрај актуелната енергетска криза и потребите за одговор на намалување на влијанието од неа, за кое беше донесен пакетот од 26 мерки. Реализацијата на капиталните инвестиции значи постигнување повисоки стапки на раст и подобар животен стандард на граѓаните, велат од МФ.

loading...

Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To

tải sunwin apk game sunwin bị sập sunwindow