БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
ОРДАНОВСКИ: По обичај, нè очекуваат неколку недели на пост-фестум лелекање на ВМРОНИТЕ и ЛЕВИЦА заради нивниот неуспешен обид за блокирање на пресудната државна помош, со предвидлив политички резултат: на регистарот на обвинувања за власта, покрај целиот дијапазон квалификативи за неспособност и криминализираност, сега и официјално е додаден тероризмот. Тоа значи дека Алан Форд од Левица, конечно, им го испил мозокот. Следната фаза е „По шумама и горама“!

Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај

Министерство за животна средина и просторно планирање и Сојуз на стопански комори на Македонија, денес склучија меморандум за соработка

Министерство за животна средина и просторно планирање и Сојуз на стопански комори на Македонија, денес склучија меморандум за соработка, препознавајќи ја важноста на меѓусебната соработка и едновремено итноста да се обезбедат ефективни решенија за заеднички еколошки прашања кои ја поддржуваат потребата за одржлив развој.

Целта на меморандумот е да се интензивира соработката за заштита на животната средина на национално ниво, а врз основа на потребата за унапредување на корпоративната одговорност и отчетност во областа на животната средина, како и за понатамошно унапредување на националната и меѓународна регулатива за претпријатијата.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека ќе се спроведе кампања со учество на малите и средни претпријатија, со цел преземање на мерливи и директни активности за справување со климатските промени, за заштита и унапредување на животната средина.

– Важно е да покренеме нови иницијативи насочени кон воспоставување рамка за соработка помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и граѓанското општество. Оваа соработка ќе овозможи подигање на колективната и индивидуалната свест за влијанието на загадувањето врз животната средина и работа кон развој на сериозен пристап за исполнување на обврските за заштита на животната средина. Најважно е што за прв пат иницијативата за намалување на загадувањето ќе ја насочиме кон иницирање саморегулација на претпријатијата со високо ниво на свесност, а не единствено со досегашниот пристап преку примена на репресивни мерки – изјави Арсовска.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини посочи дека двете институции ќе промовираат воспоставување, проширување и зајакнување на заемно корисна соработка со цел заштита на животната средина.

– Соработката со стопанствениците ја сметаме за исклучително важна, земајќи ја предвид нивната улога во прилагодувањето кон и исполнувањето на целите за заштита на животната средина, одржлив развој, како и трансформацијата кон циркуларна економија. Подобрата информираност и поинтензивна вклученост на малите и средни претпријатија во примената на почисти технологии и развивањето на поеколошки практики, како и поголемата свесност на сите нас за сопствениот удел, носи поголема посветеност и придонес во заедничките напори за постигнување на стандардите за животна средина кон кои се стремиме – рече Нуредини.

Двете институции здружено ќе делуваат преку активности за соработка за спречување на загадувањето, еко едукација, креирање политики и заеднички напори за подигање на јавната свест за важноста на овие политики, за овозможување поквалитетен живот и здравје на граѓаните.

loading...

AnimeHeaven animeheaven dragon ball: Watch SK8 the Infinity Episode 7 (https://animeheaven.pro/m/Znyb/ep-7)

4Anime watch anime free: One Punch Man (https://4anime.biz/m/OzB) Episode 12