Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија

Министрите за финансии, земјоделство и труд на Србија, Албанија и С Македонија потпишаа две спогодби во рамки на „Отворен Балкан“

Кога станува збор за интегрираното гранично управување, т.н „One stop-shop“, Србија и Северна Македонија до крајот на годината ќе ги решат сите постојни недостатоци за да биде целосно функционално, а Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да работат на формирањето на „One stop-shop“ меѓу нивните земји

Министрите за финансии, земјоделство, труд и вработување на владите на Србија, Албанија и Северна Македонија, на крајот на состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, кој се одржа во Ниш од 12 до 14 ноември, потпишаа два заклучоци од работните средби, со кои се дефинирани сите активности што треба да се спроведат до самитот во Тирана на крајот на декември, а кои ќе придонесат за олеснување на трговијата, соработката во областа на безбедноста на храната, фитосанитарна и ветеринарна инспекција, како и слободниот пристап до пазарот на трудот за граѓаните од трите земји, сопштија од српската Влада.

Како што јави МИА од Белград, првиот Заклучок предвидува до крајот на годинава интензивно да се работи на воспоставување систем за електронска размена на сите потребни документи, царински декларации, фитосанитарни и ветеринарни сертификати, како и на подобрување на постоечките системи. Спроведувањето на оваа мерка значително ќе придонесе за помало задржување на камионите на границите. Договорено е и до крајот на годината сите три земји да воведат систем каде сите гранични служби, вклучително и фитосанитарната инспекција, ќе работат 24/7.

Заклучено е и дека сите три страни до крајот на 2021 година ќе потпишат и валидираат договори за признавање на статусот на овластени економски субјекти, што во голема мера ќе го олесни преминувањето на границата за некои компании и ќе донесе други придобивки. Договорено е и дека ќе се работи на намалување на сите такси што се плаќаат при преминување на граничните премини, а за стоки со потекло од земјите-членки.

Кога станува збор за интегрираното гранично управување, т.н „One stop-shop“, Србија и Северна Македонија до крајот на годината ќе ги решат сите постојни недостатоци за да биде целосно функционално, а Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да работат на формирањето на „One stop-shop“ меѓу нивните земји.

Заклучокот од работните средби предвидува формирање заедничка работна група до крајот на ноември, која ќе се занимава со усогласување на даночната политика на нашите три земји, соопштија од српската влада.

Во делот на заклучокот поврзан со соработката во областа на храната, фитосанитарната и ветеринарната инспекција, договорено е да се усогласи листата на растенија и растителните производи за кои е потребна фитосанитарна инспекција и

на фитосертификати, потоа размена на карантински листи со статус и размена на програмата за надзор над штетните организми, натамошна размена на сите мониторинзи и планови на службената контрола од областа на храната од растително, животинско и мешано потекло, препознавање и прифаќање на лабораториски анализи, преглед надвор од граничните премини, односно во најблиските царински испостави за растенија за кои е потребна фитосанитарна инспекција, унифицирање на листата на болести на животните, како и список на одобрени капацитети за храна од животинско потекло и добиточна храна, што подразбира размена на нотификација на објекти без контрола на терен, само со размена на планот за мониторинг .

Вториот заклучок предвидува потпишување на договор со кој ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на труд на граѓаните на нашите три земји. Тие ќе можат слободно да престојуваат и работат на територијата на Србија, Албанија и Северна Македонија.

Во Тирана, Албанија, на крајот на декември ќе се одржи самит на кој ќе се разговара за тоа што е во меѓувреме направено и кои се следните планови за искористување на целосниот потенцијал на оваа иницијатива, соопштија од српската Влада.

Регоналната иницијатива „Отворен Балкан“ ја покренаа претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

На средбата во Белград на 4 ноември, Вучиќ, Рама и Димитров заклучија дека иако постојано се потпишуваат спогодби, тие не се спроведуваат на дело

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime heaven Horimiya

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season

Tokyo Ghoul

My Hero Academia (Dub) Episode 12

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 35