Денес ја имав честа, да го пречекам во својот кабинет и да му посакам добредојде, на амбасадорот на Република Италија во Скопје, господинот Андреа Силвестри.
Имавме работна средба, на која беше разговарано за нови проекти кои се во рамките на општина Кавадарци, билатерални бизнис можности, размена на искуства во руралниот туризам и културата, а меѓу другото беше разговарано и за можноста учениците од нашите основни и средни училишта да го изучуваат италијанскиот јазик, а со тоа и да се запознаат со еден нов јазик и една нова култура.
Воедно би сакал да му се заблагодарам на амбасадорот за упатените честитки по повод мојот втор мандат како градоначалник на општина Кавадарци.