Во Софија, средба на министерката Петровска со офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои се на школување во Бугарија
Во Софија, средба на министерката Петровска со офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои се на школување во Бугарија
Вицепремиерката Грковска за ТВ „Сител“: Дигитална трансформација на општеството е неминовна, основна алатка за тоа е електронската лична карта
Вицепремиерката Грковска за ТВ „Сител“: Дигитална трансформација на општеството е неминовна, основна алатка за тоа е електронската лична карта
ПЕТРОВСКА: Војници од нашата армија во јуни одат во мисија во контингентот на Латвија, РСМ е за отворени врати за нови членки во НАТО
ПЕТРОВСКА: Војници од нашата армија во јуни одат во мисија во контингентот на Латвија, РСМ е за отворени врати за нови членки во НАТО
(ВИДЕО) Османи учествуваше на 132- та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа / Osmani mori pjesë në seancën e 132-të të Komitetit të Ministrave të Këshillit të Evropës
(ВИДЕО) Османи учествуваше на 132- та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа / Osmani mori pjesë në seancën e 132-të të Komitetit të Ministrave të Këshillit të Evropës
НА ПЕТРЕ МУ ПРЕКИПЕ ОД ДАНЕЛА И НЕЈЗИНИТЕ НАПАДИ КОН НЕГО, ЈА НАРЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИК ОД АЛИ ЕКСПРЕС: Заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци
НА ПЕТРЕ МУ ПРЕКИПЕ ОД ДАНЕЛА И НЕЈЗИНИТЕ НАПАДИ КОН НЕГО, ЈА НАРЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИК ОД АЛИ ЕКСПРЕС: Заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци
Грковска домаќин на конференцијата „Отворено за корупцијата во спортот“: Мораме отворено да зборуваме за аномалиите и предизвиците, ако сакаме да го вратиме спортот на вистинските патеки
Грковска домаќин на конференцијата „Отворено за корупцијата во спортот“: Мораме отворено да зборуваме за аномалиите и предизвиците, ако сакаме да го вратиме спортот на вистинските патеки
БОМБА НА ЉУБЧО: МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ ЈА СОЗДАДЕ ТИТО, ТУКУ ЈА СОЗДАДОА БУГАРСКИТЕ ПРЕДАВСТВА, БУГАРИЈА МНОГУ ПАТИ ВО ИСТОРИЈАТА ГИ ОСТАВИ МАКЕДОНЦИТЕ НА ЦЕДИЛО
БОМБА НА ЉУБЧО: МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ ЈА СОЗДАДЕ ТИТО, ТУКУ ЈА СОЗДАДОА БУГАРСКИТЕ ПРЕДАВСТВА, БУГАРИЈА МНОГУ ПАТИ ВО ИСТОРИЈАТА ГИ ОСТАВИ МАКЕДОНЦИТЕ НА ЦЕДИЛО
Средба Петровска – Заков во Софија: Кога сте НАТО, не сте сами, кога сте во сојуз работиме едни со други, заедно се развиваме и стануваме посилни
Средба Петровска – Заков во Софија: Кога сте НАТО, не сте сами, кога сте во сојуз работиме едни со други, заедно се развиваме и стануваме посилни

Младеновска: Време е со име и презиме да се посочат и да се казнат судиите што ги прекршуваат законите

Независноста е личен чин кој доколку го практикуваат повеќето судии, властите и бизнис елитите нема да може да влијаат врз судските одлуки, вели поранешната министерка за правда, Мери Младеновска Ѓорѓиевска.

Претседателот Стево Пендаровски своето новогодишно обраќање во парламентот во средата (22.12) го фокусираше на барањето за правна завршница во секој случај каде што постои сомневање за сторени кривични дела. Неселективноста во владеењето на правото и одговорноста, според Пандаровски, е најдобриот начин за надминување на општествената апатија која се шири и разочарувањето, особено меѓу помладите кои не веруваат дека некогаш во оваа држава може да има правда.

Монтираните судски процеси на „систематски преглед“

Само неколку часа по критиките упатени од шефот на државата, дека место култура на неказнивост, треба да се врати довербата во институциите преку правна завршница на случаите, следеше судска драмолетка со притворот на поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков. За неполни 12 часа, поранешниот шеф на УБК беше ослободен од притвор од Апелацискиот суд, а потоа доби нов притвор од Основниот кривичен суд по барање на обвинителството, но за друг предмет. Ваквиот развој на настаните беше оценет како подривање на судството, но отвори и бројни дилеми во јавноста – може ли да се има доверба во судство кое за само неколку часа носи различни одлуки? Може ли понискиот суд да поништува одлука на повисок суд? Кој суд бил во право, а кој згрешил при носењето на одлуката? Но, и зошто 20 години наназад судството никако да се избори да застане на цврсти нозе и да ги спроведе реформите, коишто се посочуваат како неопходен чекор во сите меѓународни извештаи за земјата.

Сите треба да ги почитуваме законите

„И покрај тоа што во изминатите 20 години постојано се зборува за реформи во судството, а реално и многу е направено, многу од проблемите останаа нерешени, а некои други и се зголемија. Не може да очекуваме подобрување ако секој од нас очекува само другите да ги почитуваат законите. Треба секој, прво самиот да ги почитува законите, а потоа да очекува и другите да го сторат истото“, вели за ДВ поранешната министерка за правда, која сега се заминава со адвокатура, Мери Младеновска – Ѓорѓиевска.

За да се сменат состојбите во судството, но и перцепцијата на граѓаните, крајно време е со име и со презиме да се посочат, но и да се санкционираат сите судии што ги кршат законите, вели Мери Младеновска

Според неа, за да се сменат состојбите во судството, но и перцепцијата на граѓаните, крајно време е со име и со презиме да се посочат, но и да се санкционираат сите судии што ги кршат законите.

„Контрапродуктивно е да се критикува судството во целина. На овој начин се демотивираат судиите што работат стручно, професионално и одговорно“, вели Младеновска. Потенцирајќи ја улогата на Академијата за судии и јавни обвинители, таа вели дека треба младите кандидати повеќе да се едуцираат за тоа што значи независноста на судиите и самостојноста на обвинителите.

Независноста е личен чин

Поранешната министерка за правда смета дека не треба суштината на едукацијата да биде како полесно да бидат потврдени нивните одлуки од повисоките инстанци (апелациони судови, виши обвинителства, Врховен суд). „Треба да се потенцира дека независноста е личен чин кој доколку го практикуваат повеќето судии, останатите власти и бизнис елити нема да може да влијаат врз судските одлуки“, вели Младеновска.

Таа е децидна дека независноста не е нешто што им се подарува на судиите. Тие самите, постојано треба да се залагаат за нејзино зајакнување, како еден од столбовите за правично судење. „Секако судството не може да го гледаме изолирано од вкупниот амбиент во државата каде главна улога има извршната власт, која со прописите што ги предлага ја демонстрира својата определба дали и колку ќе го зајакне демократскиот капацитет воопшто во државата“, додава таа.

Јавни прозивки

Првиот човек на министерството за правда, Бојан Маричиќ во средата на социјалната мрежа Фејсбук, со име и со презиме посочи двајца од вкупно тројца судии во судечкиот совет, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, коишто одлучувале за притворот на Мијалков. Тој ги повика да објаснат зошто гласале тој да биде пуштен од притвор, за случајот „Трезор“, каде што неправосилно осуден на осум години затвор. Според Маричиќ, довербата на граѓаните со вакви одлуки се урива.

Но, професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, смета дека прозивањето на судиите што го пуштиле Мијалков од притвор е кршење на правото од страна на министерот за правда. „Судиите не смеат да се повикуваат на одговорност за теоретска можност од бегство. Судиите во правна држава се единствени што одлучуваат за слободата“, вели тој.

Бојан Маричиќ со име и со презиме посочи двајца од вкупно тројца судии во судечкиот совет, коишто одлучувале за притворот на Мијалков и побара да се преиспита одлуката

Според Калајџиев, судиите по сите домашни и меѓународни норми мора да го пуштат лицето да се брани од слобода, ако опасноста од бегство не е реална. Ако таа е теоретска, но сепак се случи, судиите не се одговорни, затоа што слободата ја наложува Уставот и конвенциите за човекови права. Калајџиев реагира и поради тоа што министерот за правда го прозива Судскиот совет да ја разгледа одлуката што, според него, значи дека „судиите ќе бидат помирни кога ќе определуваат притвор и го стимулира притворот кој треба да биде

„Срамота е понизок суд да одлучи спротивно на повисок. Законот за судови вели дека една судска одлука може да ја промени само повисок суд. Правото не е само зборови на хартија, тоа има смисла и принципи“, дециден е професорот.

Реагираше и Судскиот совет, кој го осуди прозивањето на апелациските судии кои одлучиле да го укинат притворот за Мијалков. Според нив, со закон е забрането влијание врз работата на судиите. „Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите“, се вели во реакцијата.

Финансиски и кадровски проблеми

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, за ДВ вели дека критиките кон судството не се новина, и траат веќе 30 години наназад. Но, тој не се согласува дека правосудството го има допрено дното. Напротив, вели дека судството изминативе децении го носеше најголемиот товар од промените во државата, и дека состојбите во оваа област не се ништо поинакви од општите состојби во сите сфери.

„Сите сакаме, и ние во судството и граѓаните, да бидеме поефикасни. Но, тешко оди на сите фронтови во државата“, вели Јовески, истакнувајќи дека фелата се соочува со финансиски и кадровски проблеми. „Имаме 50 обвинители помалку, судовите работат со намален кадар, немаме доволно средства, иако факт е дека изминативе две години растат буџетите за правосудството“, вели Јовески.

И покрај проблемите со кои што се соочуваат, тој вели дека има голем број предмети коишто се завршени во солиден рок. Дека има извесен напредок, според нашиот соговорник, покажуваат и меѓународните извештаи, како и извештаите на ЕУ, но сепак признава дека се потребни темелни реформи на правосудството.

„Порано немаше случаи на обвинети градоначалници, обвинители, генерален секретар на влада, како што има сега. Но, некои промени не можат да се случат преку ноќ“, вели Јовески.

Во однос на обвинувањата дека судството и политиката се во спрега, републичкиот јавен обвинител е дециден дека судиите имаат одврзани раце во работењето. Но, додава тој, „има поединечни случаи кога пред сѐ поради немање интегритет, се носат одлуки коишто се предмет на критики во јавноста“.

loading...

gogoanimeio. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles Episode 8

GoGoAnime Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 1

watch animes To Your Eternity

Dragon Ball Z (Dub) Episode 283

dubbed anime My Hero Academia Season 2

tải go88