МЛАДИТЕ БИТОЛЧАНИ ДА НЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО Кондовски најавува технолошки парк во центарот на Битола

Проблемот со невработеноста не лежи во недостигот на работни места, туку во неоткриените претприемачи меѓу нас. Претприемништвото значи иновативност, проактивност и преземање ризик. Само тоа е лек за невработеноста и за економската стагнација. Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за Општина Битола, Христо Кондовски, најавувајќи проект за Технолошки парк во Битола.

– Лично сум го минал процесот на градење бизнис од идеја до реализација. Знам дека тоа не е лесен процес, но знам и дека не е невозможен. Младите имаат најголем потенцијал за иновации, но им треба институционална поддршка. Токму затоа со задоволство најавувам формирање на технолошки парк. Низ него ќе се канализира финансиска, кадровска и административна поддршка која ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи – рече тој.

Кондовски појасни дека технолошкиот парк ќе работи во партнерство на општината, битолскиот универзитет, стопанскиот сектор, централната власт и странски донатори.

– На студентите и на младите, со најсовремен софтвер и хардвер, ќе им послужи како бизнис инкубатор. Во фокусот ќе бидат технолошките иновации, информатичката индустријата и трансферот на технологии. Целта е акцелерација на старт-ап компаниите и поддршка за нивни забрзан развој. Тоа ќе донесе отворање на нови работни места за младите – рече Кондовски.

Тој додаде дека административната зграда на технолошкиот парк ќе биде сместена во општински објект во центарот на Битола, кој со години не беше во употреба, но со овој проект ќе најде практична примена.

– Овој објект ќе биде адаптиран и реновиран за потребите на паркот. На адаптацијата ќе се работи една година, а паркот ќе влезе во употреба уште во првата година од мојот мандат. Почетната инвестиција во технолошкиот парк ќе изнесува 300.000 евра. Но, неговата целосна реализација ќе се мери во милиони евра, што ќе произлезе како резултат на соодветна физибилити студија и плодотворноста – рече Кондовски.

Кандидатот за градоначалник на Битола објасни дека крајната цел е млади битолчани и битолчанки да не купуваат билет во еден правец за странство.

– Наместо тоа, да ги поддржиме тука да развиваат нови вештини, да не се плашат да ги испробаат своите иновативни идеи и истите да ги реализираат преку стартап бизниси. Дома да добијат шанса да градат кариера и вреднувани – со приходи соодветни на образованието и трудот – да остваруваат егзистенција за себе и своите семејства – порача Кондовски.

sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin game bài sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin web sunwin club

sun win