Младите се причина за нашето постоење и секојдневен ангажман. Младите се иднината на секое општеството. Развој на личните таленти и капацитети е основа на нашите заложби и инвестиции во воспитно образовниот процес и воспоставување на механизми и инструменти за нивно себереализирање. За таа цел воспоставивме систем за инвестиции во стимулирање подобро образование, наградување и стимулирање на талентите.
Обезбедуваме и Младински развојни центри со простор за дружење, развој на проекти и предлози и неформална едукација. Истовремено, како и досега ги валоризираме предлозите и забелешките од младите и ги вклучуваме во програмите на општината, со што младите стануваат вистински партнер на Општина Кисела Вода во нејзиниот развој.
Преку воспоставување на центар за млади се создава простор, хабови за развој и реализирање на генијот и талентот на младите, воедо се охрабруваат младите претприемачи да се развиваат и инвестираат во своите бизниси. Исто така, обезбедуваме и поддршак за start-up бизниси.
Новиот инвестициски циклус на општина Кисела Вода поддржува КВАЛИТЕТ на живот!
РЕЗУЛТАТИ ОД ДОСЕГАШНИТЕ ВЛОЖУВАЊА ВО МЛАДИТЕ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Општина Кисела Вода воспостави и доделува парични награди за талентирани ученици и ученици спортисти од основните училишта кои во тековната учебна година освоиле прво, второ и трето место на регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, уметноста, културата и спортот.
Во периодот од 2017 – 2021 доделени се парични награди во вкупна вредност од 1.637.767,00 денари од кои во:
2018 година – 322.223,00 денари
2019 година – 598.889,00 денари
2020 година – поради пандемијата немаше натпревари
2021 година – 716.655,00 денари
Видлив е порастот на освоени награди во сите категории. Вложувањата и правилниот пристап и стимулирање и наградување на талентите кај младите од Кисела Вода дава резултати на сите полиња, и во областа на културата, образованието и спортот!
Младите од Кисела Вода се шампиони!