Пишува Саше Ивановски Политико
Ние Македонците сме мајстори за шовинизам скриен зад легализам. Па ако некое малцинство бара некои прва ние му редиме закони устави наши и светски, разни анализи, проекции како тоа било незаконско, против правила, процедури домашни и светски итн итн… Небаре законите се од бога дадени и не може да се сменат ако се сака, ама не се сака, но тоа не смее да се признае затоа што на површина ќе излезе шовинизмот и омразата кон другите, поинаквите, малцинствата кои се уште се сметаат тука како несакани гости, натрапници…
Па така и кога некој ќе сака да изгради споменик на УЧК, џамија или пак споменик на бугарски војници, веднаш се крева лавина и се бараат градежни доволи, гупови, дупови, процедури, физибилити студија, потекло на пари, влијание врз околина, текот на ваздухот, крв и мокраа на иницијаторот итн итн…
А кога некој ќе сака да изгради црква или крст или споменик на партизани, комити, српски војници, тогаш на никој не му текнува да бара процедура и дозволи, одма се сечат ленти, попови пејат и чатат, летаат кандила, крстена вода прска на сите страни, трубачи и тапани праат лумперајка…