– Ние Американците не трпиме диктатори кои малтретираат помали и послаби народи и држави, секогаш сме се бореле против такви насилници, тоа сме го правеле со векови и сме добри и успешни во таа наша битка и Путин тоа ќе го дознае!
– Се знаеше дека Путин спрема напад со тоа што освен оружје трупаше и болници на границите со Украина, болници полни со резерви на крв, се знае за што треба крв, не за вежба туку за крвава војна
– Руската пропаганда ќе го лаже рускиот народ дека е голема победа што освоиле територија во Украина, но сите знаат дека проблемите ќе дојдат кога ќе почне герилската војна на терен тогаш Русија ќе има големи загуби
– Санкциите кон Русија се така направени да Русија трпи големи штети а Еу и Америка ќе имаат мали штети од тие санкции
– Ќе им забраниме на РУсите да купуваат нова технологија и да бидат нивните банки поврзани со светските економски текови, со тоа нивната економија ќе опадне а нивната технолошка развиеност ќе стагнира нивната воена техника ќе застари
– Ќе ги сопреме инвестициите во Русија ќе спречиме да можат да се позајмуваат на меѓународните финансиски пазари, се водат разговори банките од РУсија да бидат исфрлени од СВИФТ системот за меѓународни плаќања
– Ќе ги казниме најбогаите олигарси ги замрзнавме нивните имоти и имотите на најголемите руски банки, со тоа над 1000 милијарди долари капитал е зармзнат во банките во САД и ЕУ
– Ќе пратам 7000 војници во Балтикот, РОманија и Полска, Путин не смее да помисли да пипне ниту една педа НАТО земја ќе ја браниме со сета моќ со која располагаат САД
– Ќе продолжиме со помош кон Украина во вид на финансии и оружје
– САД ќе го зголемат производството на нафта и гас ќе ги пуштиме во оптек стратешките резерви на САД со цел да нема голем раст на цената на светските берзи
– Не смееме да останеме неми на овој напад, тоа Путин ќе го земе како слабост и ќе почне да напаѓа и други земји
– Синоќа се слушнав со лидерот на Украина Зеленски и му кажав дека САД ќе му ја пружат сета можна помош
– Путин ќе проба да ги скрши Украинците но тие се силен и цврст народ кој ќе се бори за својата татковина
– Целиот свет виде дека Путин и Москва се агресори, сакаат пак да имаат Империја како СССР и империјата на руските кралеви
– Акциите на Путин се црно светско сценарио каде секој што сака може да земе со сила без разлика на меѓународното право
– Путин ќе плати голема цена за овој напад, ние ќе се погрижиме за тоа
– Овој потег на Путин ќе ја ослаби Русија а светот ќе го направи посилен и подобар
– Путин ќе не тестира дали ние како меѓународна заедница ќе бидеме обединети во санкциите, он се надева дека ние ќе бидеме разединети и нема да одговориме силно, но тој се лаже во тие надежи