Заев: Слободоумните знаат да одржат лекција, но знаат кога му се потребни на својот град
Заев: Слободоумните знаат да одржат лекција, но знаат кога му се потребни на својот град
Шилегов: Само обединето Скопје може да продолжи напред
Шилегов: Само обединето Скопје може да продолжи напред
Заев: Најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE, ни треба систем другари!
Заев: Најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE, ни треба систем другари!
Заев: Oд 1 јануари просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната 300 евра
Заев: Oд 1 јануари просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната 300 евра
БРАВО - СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ ПО ИЗБОРИТЕ НИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, НИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ, А НЕМА ДА ИМА НИ РЕСТРИКЦИИ, ОД ВЛАДАТА УВЕРУВААТ ДЕКА ИМААТ И ПЛАН Б
БРАВО - СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ ПО ИЗБОРИТЕ НИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, НИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ, А НЕМА ДА ИМА НИ РЕСТРИКЦИИ, ОД ВЛАДАТА УВЕРУВААТ ДЕКА ИМААТ И ПЛАН Б
СДСМ СКОПЈЕ ПРОТИВ АРСОВСКА: ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ НЕ Е НАМАЛЕНО ЗАРАДИ ВЕТРОТ, ТУКУ ЗАРАДИ МЕРКИТЕ НА ГРАДОТ
СДСМ СКОПЈЕ ПРОТИВ АРСОВСКА: ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ НЕ Е НАМАЛЕНО ЗАРАДИ ВЕТРОТ, ТУКУ ЗАРАДИ МЕРКИТЕ НА ГРАДОТ
МИЦКО Е СКАРАН СО ЗДРАВАТА ЛОГИКА: ПОВИКУВА ДА НЕ И СЕ ЛУТИМЕ НА БУГАРИЈА ШТО НЕ УЦЕНУВА, ТУКУ ДА МУ СЕ ЛУТИМЕ НА ЗАЕВ ШТО НЕ ПОПУШТА?!?!
МИЦКО Е СКАРАН СО ЗДРАВАТА ЛОГИКА: ПОВИКУВА ДА НЕ И СЕ ЛУТИМЕ НА БУГАРИЈА ШТО НЕ УЦЕНУВА, ТУКУ ДА МУ СЕ ЛУТИМЕ НА ЗАЕВ ШТО НЕ ПОПУШТА?!?!
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ОТВОРЕНАТА КУЛТУРНА СЦЕНА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ЌЕ БИДЕ НОВАТА ГОРДОСТ НА СКОПЈЕ
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ОТВОРЕНАТА КУЛТУРНА СЦЕНА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ЌЕ БИДЕ НОВАТА ГОРДОСТ НА СКОПЈЕ

МОН: Реформите не се избрзани, туку требало да се направат уште пред една деценија

Од Министерството за образование сметаат дека реформите во основното образование требало да се направат уште пред една деценија. Оттаму денеска во соопштение истакнаа дека со носењето на новата концепција не се брза, туку веќе се доцни.

-Првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата, истакнуваат од Министерството.

Според МОН, со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата.

-Затоа Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование заедно со работната група професори и експерти создадоа темелна рамка за новиот образовен модел со која ќе ги отстраниме клучните недостатоци на нашиот образовен систем како што се политизацијата на училиштата, содржините на учебниците кои не се соодветни на времето во кое живееме и на потребите на децата, како и слабата мотивација на наставниците, нагласуваат од МОН.

Оттаму потсетуваат дека реформата не ја прават од денеска за утре, тука таа е резултат на широка консултација и на долгогодишни меѓународни и домашни анализи, но и ставови на наставници, родители и ученици.

-Министерството за образование и наука ги продолжува дебатите и консултациите за Нацрт-концепцијата. Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, делегација на ЕУ. Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование, велат од МОН.

Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма.

loading...

ANIMEFLIX: God Eater anime episode 13 online free at https://animeflix.nl watch anime dub

Fushigi na Somera-chan (https://animedao.nl/m/bm) Episode 12

AnimeBee: Sakugasaku anime episode Full online free at https://animebee.to anime online

AnimeFLV: Dual! Parallel Trouble Adventure anime episode 13 online free at https://animeflv.uk free anime online

Patreon: https://www.patreon.com/gogoanimelol

Bloggang: https://www.bloggang.com/mainblog.php?id=animeflixnl&month=23-06-2021&group=1&gblog=2