Фон дер Лајен разговарала со Ковачевски: Блиску сме до договор
Фон дер Лајен разговарала со Ковачевски: Блиску сме до договор
Прво Бугарите во Уставот, па финализација на почетокот на преговорите со ЕУ
Прво Бугарите во Уставот, па финализација на почетокот на преговорите со ЕУ
БРАВО - Македонскиот јазик e македонски во францускиот предлог, но се зема предвид и позицијата на Бугарија
БРАВО - Македонскиот јазик e македонски во францускиот предлог, но се зема предвид и позицијата на Бугарија
Маричиќ: Никој ништо не може да ни наметне во овој процес
Маричиќ: Никој ништо не може да ни наметне во овој процес
(ВИДЕО) БОЧВАРСКИ: БРАНАТА ОТИЊА Е РЕАЛЕН ПРОЕКТ, СЕ ГРАДИ, ПАРИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ВОДА ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ЗА ДА СЕ НАПОЛНИ, ЗА ТОА СЕ ПРОИЗНЕЛЕ ЕКСПЕРТИ
(ВИДЕО) БОЧВАРСКИ: БРАНАТА ОТИЊА Е РЕАЛЕН ПРОЕКТ, СЕ ГРАДИ, ПАРИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ВОДА ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ЗА ДА СЕ НАПОЛНИ, ЗА ТОА СЕ ПРОИЗНЕЛЕ ЕКСПЕРТИ
СИТЕ СМЕ МИНЛИВИ, ЌЕ НАПРАВИМЕ УСЛОВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАД И КВАЛИТЕТЕН МЕДИЦИНСКИ КАДАР, РЕЧЕ САЛИ
СИТЕ СМЕ МИНЛИВИ, ЌЕ НАПРАВИМЕ УСЛОВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАД И КВАЛИТЕТЕН МЕДИЦИНСКИ КАДАР, РЕЧЕ САЛИ
Уставот ќе се менува после првата меѓувладина конференција- дотогаш францускиот предлог нема да оди во Собрание!?
Уставот ќе се менува после првата меѓувладина конференција- дотогаш францускиот предлог нема да оди во Собрание!?
МВР УАПСИ ТРОЈЦА РЕКЕТАРИ И ЛИХВАРИ, ИЗНУДИЛЕ БЛИЗУ 1 МИЛИОН ЕВРА
МВР УАПСИ ТРОЈЦА РЕКЕТАРИ И ЛИХВАРИ, ИЗНУДИЛЕ БЛИЗУ 1 МИЛИОН ЕВРА

МТСП: ИМАМЕ НАПРАВЕНО НИЗА НА МЕРКИ ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека во соработка со другите релевантни министерства и институции, а врз основа на барањата на здруженијата на граѓани на лицата со попреченост и родителите на децата со попреченост, во 2022 година ќе спроведе неколку мерки кои се во интерес на унапредување на правата на децата и лицата со попреченост:

· ослободувањето од партиципација за лицата со попреченост над 26 години корисници на правото за попреченост при специјалистичко – консултативна здравствена заштита, болничко здравствена заштита и за лекови издадени на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување;

· измена и дополнување на Законот за заштита на детето со кое ќе се овозможи покачување на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници;

· намалување на возрасната граница за остварување на правото за траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст;

· измена на Законот за социјална заштита со кое ќе се дополни делот за децата/ лицата кои можат да ја користат услугата за лична асистенција и за децата/лицата со комбинирана попреченост, но каде едната од попреченостите е најтешка телесната попреченост;

· измена и дополнување на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде се предвидува цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.

· воведување на Регистар за лицата со попреченост;

· измена на Правилникот за ортопедски помагала со што ќе се овозможи да се доделуваат ортопедски помагала – чевли на секои 6 месеци за сите возрасни групи;

· подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027;

· обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри;

· отворање на Центар за рана интервенција во соработка со Министерството за здравство и со Граѓанските организации;

· отворање на 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.

Министерството ќе продолжи да ги унапредува правата на децата и лицата со попреченост во консултација со граѓанските организации, Националните Сојузи и родителите на децата со попреченост со кои во изминатите три години ги реализиравме следните мерки и политики:

· воведување на две целосно нови услуги за децата и лицата со попреченост – Лична асистенција (269 денари за час) и услугата Домашна нега (289 денари за час);

· проширување на правото за попреченост за лицата со интелектуална попреченост;

· зголемување на додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост, до 50% од просечна нето плата;

· воведување на траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж (8000 денари месечно);

· зголемување на износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15% и дополнително овој износ се зголемува за 25% и изнесува 6276 денари за материјално необезбедени семејства и зголемување за 50%, односно 7531 денар за самохраните родители коишто имаат дете со попреченост;

· обезбедени средства и вработување на 500 образовни асистенти во наставата за кои се обезбедени 216 милиони денари;

· отворени 7 станбени единици за живеење со поддршка за 35 лица до Специјалниот Завод Демир Капија.

Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да биде отворена институција за сите, бидејќи само заедно можеме да ги подготвиме најдобрите решенија кои се во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјалната заштита, но и пристапот до пазарот на трудот и подобрување на капацитетите за вработување кај лицата со попреченост.

loading...

https://tai.go88.is/

sunwin kid sunwin laser engraver download sunwin apk