МРЧАЛО – Што правите за ова и ова?
ПОЛИТИЧАР – Па ете делуваме ад хок за да санираме штета трчаме натаму наваму лоши се законите но се прилагодуваме…
МРЧАЛО – Абе треба стратегија визија еј а не од денеска за утре немате бе план ве мрзи да направите стратегија…
МРЧАЛО – А што правите за ова и ова?
ПОЛИТИЧАР – Па се работи на долгорочно решение мењаме закони, дупови, правиме физибилити студија, аплициравме за кредити, правиме заеднички проект со неколку министерства ќе треба да се мења устав…
МРЧАЛО – Абе дааај не гњавите треба одма да се делуе народот чека вие додека ова да го средите ќе ви помине мандатот алоо…