Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

ПРВИОТ ЧОВЕК НА АЛКАЛОИД, МУКАЕТОВ ЗА СРПСКИ „МАГАЗИН БИЗНИС“: Продолжуваме со инвестиции во бизнисот, но и во технологија и луѓето

Повеќе од 65 отсто од нашиот пласман е наменет за извоз, а тој сооднос пред две децении беше обратен во корист на домашниот пазар. Земјите од регионот се наши традиционални извозни пазари бидејќи нашите производи се познати таму, вели Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид во интервјуто за српскиот магазин „Магазин Бизнис“. Вели дека освен во земјите од регионот, извезуваат и во Европската Унија, Русија и ЗНД, Северна Америка и во некои земји од Блискиот Исток, додека, пак, Канада, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија и Саудиска Арабија се некои од новите пазари што ги додадовме на нашиот список во последните неколку години. Глобализацијата на брендот „Алкалоид“, вели Муакетов е патот на кој планираат да останат.

Првиот човек на една од најуспешните домашни компании и шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа вели дека компанијата почна со работа во далечната 1936 година, како индустриски погон за екстракција на морфиумска база, со неколку вработени. Сега има над 2.000 вработени во седиштето на компанијата во Скопје и повеќе од 500 во странските филијали. Производите на „Алкалоид“ во моментов се пласираат во повеќе од 40 земји низ светот, а компанијата има сопствена маркетинг-мрежа од 20 канцеларии во 14 земји надвор од Северна Македонија.

Србија е првата земја надвор од македонските граници каде што компанијата во 2010 година започна со сопствено производство и каде што основаше големопродажба. Во Србија вработуваат 145 луѓе, а на долг рок планираат да го искористат бесцаринскиот договор што го има Србија со Евроазиската унија (Русија, Казахстан, Белорусија и други земји).

На прашањето како ја оценува конкуренцијата во фармацевтската индустрија во регионот и каква е позицијата на „Алкалоид“ на регионалниот пазар, Мукаетов вели дека планот на „Алкалоид“ да излезе на светските пазари бил направен во средината на 90-тите години, кога започнал најголемиот инвестициски циклус во историјата на компанијата – изградба на нова фабрика за цврсти дозни форми и за полусинтетички цефалоспорини.

„По долги преговори со меѓународните финансиски институции, тогашното раководство на „Алкалоид“ обезбеди конвертибилен заем од ЕБОР и од ИФЦ од околу 17,4 милиони евра, без никаква државна гаранција, туку преку примена на строги практики на корпоративно управување. Но, во време на денешните брзи промени, фармацевтската индустрија мора да инвестира во нови технологии, истражување и развој, во иновации, капацитети и во луѓе. Заостанувањето би влијаело врз конкурентноста, а битката за пазари не е лесна. Се соочуваме со силни локални и регионални играчи, како и со големи генерички компании. Затоа е неопходно да се следат технолошките трендови и регулативи, заедно со инвестициите во луѓе и во капацитети, вели Мукаетов.

Светот ја живее една од најголемите здравствени кризи предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а Муакетов вели дека во такви услови научиле многу лекции. Цените на суровините се зголемени, а роковите за испорака се продолжени, така што, на пример, рокот за испорака на алуминиумска фолија сега е осум месеци, додека, пак, пред пандемијата беше три месеци. Прашан за другите планови вели дека продолжуваат инвестициите.

„Покрај континуираното инвестирање во развој на бизнисот, вложувањето во заедниците во кои живееме и работиме ќе остане на врвот на агендата на „Алкалоид“. Минатата година „Алкалоид“ и Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа над 1,2 милиони евра на различни основи, од кои околу 300.000 беа наменети за земјите од регионот, вклучително и за Србија. Во духот на нашиот слоган „Здравјето пред сè“, „Алкалоид“ ќе остане посветен на позитивните вредности: кредибилитет, професионален интегритет, хуманост и човечка солидарност. Годината на нашиот 85-годишен јубилеј беше полна со неизвесности и со предизвици, но наш императив е да изградиме компанија во која задоволни луѓе ќе ги вложат своите потенцијали за заеднички успех на сите во „Алкалоид“, вели Муакетов за „Магазин бизнис“.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Josee, the Tiger and the Fish

watch anime dub Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

watch anime online Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

watch subbed anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

free anime online Attack on Titan Final Season

tải go88