Приведени двајца крадци во Кисела Вода
На 15.04.2022 на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје се лишени од слобода М.К.(19) и А.И.(32), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се обидуваат да извршат кривично дело „Тешка кражба“ казниво по чл. 236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен криминалец во Аеродром, бил баран со потерница
На 15.04.2022 во 20.50 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода Г.С.(53) од Скопје кој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која му е одредена мерка притвор. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.
Приведени дилери од Кочани
На 15.04.2022 во времето од 15,00 до 16,00 часот во Кочани по претходна судска наредба од Основен суд Кочани од полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани се лишени од слобода С. А.(20) и Н. А.(21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот на С.А. во Кочани пронајдена и одземена е прашкаста материја и други предмети. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.