Средба Николовски – Оздемир во Берлин: Обединети во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна
Средба Николовски – Оздемир во Берлин: Обединети во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна
НАМЕСТО ДА ГО ХЕЈТАМЕ ЗАТОА ШТО Е АЛБАНЕЦ, ТРЕБА ДА МУ ПОДИГНЕМЕ СПОМЕНИК НА ЕДИ РАМА, ЧОВЕКОТ ИМА НАПРАВЕНО ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД ПОЛА ОД НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
НАМЕСТО ДА ГО ХЕЈТАМЕ ЗАТОА ШТО Е АЛБАНЕЦ, ТРЕБА ДА МУ ПОДИГНЕМЕ СПОМЕНИК НА ЕДИ РАМА, ЧОВЕКОТ ИМА НАПРАВЕНО ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД ПОЛА ОД НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото
Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото
Бугарскиот парламент го одобри кревањето на ветото, се чека премиерот Петков да ја донесе владината одлука
Бугарскиот парламент го одобри кревањето на ветото, се чека премиерот Петков да ја донесе владината одлука
Битола се подготвува за Балкан Гала, ќе настапат бројни македонски и регионални музичари
Битола се подготвува за Балкан Гала, ќе настапат бројни македонски и регионални музичари
Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата

МВР ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО – ЕБР АПСИ ОД БОГОРОДИЦА ДО ТАБАНОВЦЕ, УАПСЕНИ ДИЛЕРИ, КРАДЦИ, ИЗБЕГАНИ ОД ЗАТВОР, ЛУЃЕ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА, КРИУМЧАРИ НА ЛУЃЕ, ЗАГАДУВАЧИ НА ОКОЛИНАТА…

Приведен криминалец осуден на седум и пол години затвор за доиздржување на казната

На 15.02.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош е лишен од слобода Џ.З.(29) од Скопје. Тој е осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал за доиздржување на 1 година 1 месец и 13 дена затвор. Џ.З. е приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Приведено лице баран со централна потерница

На 15.02.2022 околу 13.30 часот на подрачјето на Единицата за внатрешни работи Аеродром во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лише е од слобода Б.А.(42) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница со која се барал поради сомнение за сторено кривично дело по чл.239 од Кривичниот законик. Тој е приведен во полициска станица и од него се одземени товарно возило „фиат добло“, за кое се барал, и други предмети поврзани со кривичното дело и вратени на сопственикот.
По документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана

На 15.02.2022, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Приведен криумчар на мигранти

Денеска (15.02.2022) полициски службеници од СВР Скопје и РЦ Север во координација со Царинската управа го приведоа Ѓ.Ј. (41) од Неготино, кој во камион со неготински регистерски таблички превезувал тројца мигранти. Мигрантите биле откриени при контрола во царински склад, по што возачот се дал во бегство, но по презмени мерки од полициските службеници бил приведен. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад

На 13.02.2022 полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини. Притоа на 4 локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност. По целосно документирање на случајот против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Приведен крадец во Скопје, фатен на дело

На 15.02.2022 околу 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.С.(26) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. А.С. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Расчистено разбојништво во Скопје, осомничени четири лица

На 15.02.2022 во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со четири малолетници од скопско, и тоа двајца од с.Зелениково, еден од с.Орешани и еден од с.Пакошево, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека на 14.02.2022 на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје физички го нападнале Н.С.(38) од Скопје и му одзеле телефон. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. За случајот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по негово целосно документирање против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.

loading...

go88 dang nhap download go88 go88 demo

sunwin online sunwin ôn thi sunwin app