МВР И ДЕНЕСКА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: ФАТЕНИ КРАДЦИ, ДИЛЕРИ, ЛИЦА БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦИ, РАЦИИ ВО ДИСКОТЕКИ ВО РАДОВИШ, СТРУГА, ГОСТИВАР И БИТОЛА ПРИ ШТО СЕ ЗАТЕЧЕНИ МАЛОЛЕТНИЦИ СО АЛКОХОЛ И ЛИЦА БЕЗ САРТИФИКАТИ

Точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Радовиш, ќе биде поднесена кривична пријава

Во времето од 19:00 часот на 19.02.2022 до 03.00 часот на 20.02.2022 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спровеле акциска контрола во девет угостителски објекти на подрачје на Радовиш. При контролата, во еден угостителски објект било констатирано дека малолетни лица биле послужени со алкохолни пијалоци. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “точење алкохол на малолетни лица” по член 204 од Кривичниот законик.

Акциска контрола во Гостивар и Струга: Неиздавање фискални сметки, санкции за 14 угостителски објекти поради непочитување на законите

На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани. Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн. Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Пронајдена дрога, лажен сертификат, лица без сертификати, четири објекти запечатени – акциска контрола на угостителски објекти во Битола

Денеска (20.02.2022) во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Фатен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 19.02.2022 во 02.15 часот, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Јоаким Крчоски“ во Скопје, при што одзел повеќе предмети.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Приведен разбојник во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (19 февруари) околу 15 часот и 45 минути, на улица “Гоце Делчев” во Гостивар, го лишиле од слобида А.С.(35) од Гостивар, поради сомнение дека околу 11 часот и 55 минути извршил разбојништво во маркет на улица “Драге Тодоровски” во Гостивар и со употреба на сила врз вработената во маркетот, од касата одзел пари и избегал.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Приведен криминалец од гостиварско баран со потерница за затворска казна од три години

Денеска (20 февруари), педесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 24-годишниот А.Б.од гостиварски Балиндол, осуден на тригодишна затворска казна за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.По приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор “Идризово” во Скопје за издржување на казната.

sun win

sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin club

tải sunwin

sunwin sunwin apk sunwin.apk mới nhất