115 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола
На 25.04.2022 во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп, 40 на територијата на Ресен, 6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта
81 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Куманово
Денеска (25.04.2022) на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возачи.Од нив 57 во Куманово, 14 во Крива Паланка и 10 во Кратово.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
161 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Штип
На 25.04.2022 на подрачјето на СВР Штип e спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 161 прекршоци, од кои 93 надвор од населено место и 68 во населено место. Од нив 101 во Штип, 16 во Свети Николе, 11 во Кочани…
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот.
(Сторијата продолжува по рекламите)
89 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес
Денеска (25.04.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
109 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (25 април) од 14 до 20 часот, спровеле акциска контрола во која биле изречени вкупно 109 мерки за пребрзо возење (ТЕ-35 и ГВ-74).Триесет и пет од мерките (ТЕ-6 и ГВ-29) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 4 (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за повеќе од 70 киломатри на час.
Во контролата биле санкционирани и 74 возачи (ТЕ-33 и ГВ-41), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 3 (ГВ) за повеќе од 50 километри на час.Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 10 други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-8).