Вчера пред крајот на работното време, во 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на општина Бутел, по претходна рсправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресмтка. Тепачката се случила помеѓу А.К.(40) и В.В.(28), и двајцата од Скопје.
Сочинати се записници за констатиран прекршок, соопштуваат од МВР.
Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, го демантира полицискиот извештај на МВР и вели дека пријавената тепачка не се случила во просториите на општината, туку во подрачната единица на Управата за имотно-правни односи на Министерството за Финансии.