МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени

Девет санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 18 и 19.06.2022 полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце извршиле контрола на пет автобуси, три патнички возила и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници.
На Граничен премин Табановце, при контрола на автобус управуван од В.Л. од Струмица, на автобус управуван од А.М. од Кочани, на автобус управуван од Р.К. од Струмица, сите три со струмички регистарски ознаки, на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.А. од с.Шемшево, на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. од Скопје, и на три патнички возила со струмички регистарски ознаки: „мерцедес“ управуван од В.Н., „фиат дукато“ управуван од К.С., двајцата од струмичко и „мерцедес“ управувано од К.А. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на возило комби со албански национални ознаки, управувано од А.Е. од Република Албанија, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени

Во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 637 возачи. Од нив, 418 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 115 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk sunwin club