Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција
Тринаесет повредени во сообраќајка на патот Струмица – Валандово – меѓу повредените и шестгодишно дете
Тринаесет повредени во сообраќајка на патот Струмица – Валандово – меѓу повредените и шестгодишно дете
Демократски Сојуз повика да не се потпишува протоколот, ЛДП и ДОМ се уште градат став за модифицираниот „француски предлог“
Демократски Сојуз повика да не се потпишува протоколот, ЛДП и ДОМ се уште градат став за модифицираниот „француски предлог“
Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на седницата на Советот за безбедност
Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на седницата на Советот за безбедност
ВМРО-ДПМНЕ: Масовно и гласно Не, вечерва повторно протест
ВМРО-ДПМНЕ: Масовно и гласно Не, вечерва повторно протест
НСДП: Коалициските партнери да не го користат францускиот предлог за ситно политичко поентирање
НСДП: Коалициските партнери да не го користат францускиот предлог за ситно политичко поентирање

МВР ПРИВЕДЕ ПОВЕЌЕ ДИЛЕРИ, КРАДЦИ И ИЗМАМНИЦИ ВО СТРУМИЦА, ШТИП, СКОПЈЕ, КУМАНОВО

Претрес во струмичко, приведено лице за неовластено производство на дрога

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П..

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Приведени тројца крадци во Скопје, фатени на дело

На 22.04.2022 во 17.20 часот на ул.„Македонија“ полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишија од слобода Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловен субјект.

Тројцата биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а кај нив биле пронајдени предмети поврзани со делото.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки по комплетно документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Приведен штипјанец кој со туѓа картичка подигал пари и вршел трансакции

На 22.04.2022, по преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти кривично дело по чл.251 ст.2 од Кривичниот законик, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил Д.К.(35) од Штип.

Имено, постапувајќи по пријава од Д.К.(29) од Штип, според која во периодот од 15.04 до 21.04.2022 неговата банкарската картичка била злоупотребена, при што со неа биле извршени 87 успешни трансакции во вкупен износ од 356.889 денари на продажни места и банкомати во Штип, по преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Штип Д.К.(35) бил осомничен како сторител на кривичното дело.

Притоа, тој од банкомат во повеќе наврати извадил вкупно 270.000 денари. Од нив 148.000 му се вратени на оштетениот, а во координација со Јавен обвинител против Д.К. ќе следува соодветен поднесок.

Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници Одделението за криминалистички работи Кисела Вода е расчистено кривично дело „кражба“ извршено на 12/13.04.2022 во Сопиште, скопско, при што е пронајден сторителот на делото, Т.Т.(40) од Куманово, со кого е извршен службен разговор во кој тој во целост го призна извршувањето на кражбата.

Имено, Т.Т. во периодот од 12/13.04.2022 од 33-годишен жител на Сопиште одзел поголем број алати и материјали и ги натоварил во своето товарно возило со кумановски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес кај Т.Т. во Куманово, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, кои се одземени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.

loading...

tài xỉu online go88 md5 go88 bắt cầu tài xỉu go88

tải game sunwin