Приведен разбојник од Велес, расчистени две кривични дела
На 19.04.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода У.Ф.(32) од Велес. Tој се сомничи дека извршил две кривични дела „разбојништо“, и тоа на 06.03.2022 во куќа на ул.„Вера Циривири“ и на 05.04.2022 во куќа на ул.„Благој Нечев“ во Велес.
Во полициска станица со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен крадец од гостиварско за издржување на казна затвор
На 19.04.2022 во 10.50 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 30-годишниот Ш.Ф. од ова село.
За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.
По приведувањето, Ш.Ф. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела
Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности, расчисти три кривични дела извршени на бул.„Јане Сандански“, на подрачјето на ЕВР Аеродром и Драчево и од слобода ги лиши Р.А.(42) и Б.Е.(41), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека заедно на 24.01.2022 извршиле тешка кражба на дрзок начин во обид врз М.Б.М.(32) од Скопје, а на 31.01.2022 во пекарница извршиле џепна кражба од Н.П.С.(28) од Скопје.
Р.А., пак, се сомничи дека на 10.02.2022 извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од Б.Н.(44) од Скопје одзел паричник.
Тие биле приведени во полициска станица против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.