МВР РАСТУРИ, СЕКОЈ ДЕН СЕ АПСАТ ЛОПОВИ И ДИЛЕРИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА, БРАВО!

Приведен крадец од Штип, расчистени 9 кривични дела

На 09.02.2022 во 13.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Штип, со престојувалиште во Радовиш.
Тој се сомничи дека во текот на месец jануари 2022 година сторил 5 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“, на подрачје на ОВР Радовиш, како и 1 кривично дело „одземање на моторно возило“, извршено на подрачје на ОВР Неготино.
За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање против М.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведени тројца криумчари, пронајдени мигранти

На 09.02.2022 во 01.40 часот во околината на с.Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица – мигранти (16 од Индија и 3 од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која откако ја прифатиле имале намера да ја пренесат во Република Грција.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик, а во текот на денот (10.02.2022) ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1.
Останатите 16 лица мигранти биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Приведен криминалец осуден на 12 години казна затвор

На 09.02.2022 во 19.25 часот на ул.„Черења“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип. Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава

На 09.02.2022 во Полициската станица Аеродром, по преземени мерки и активности, бил повикан С.Н.(24) од Скопје, поради сомнение дека се обидел да изврши кражба во продажен објект во трговски центар во Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

sun win

sun win

game bài sunwin sunwin sunwin apk

sun win

sunwin