На 06.03.2022 во 01.30 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Н.Н.(32) од Штип затоа што кај него и во патничко моторно возило „јагуар“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, е пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.03.2022 во 19,45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ш.А.(38) од Скопје, затоа што на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одземал пари и мобилен телефон. Известен е јавен обвинител, а кај сторителот се пронајдени пари кои потекнуваат од извршеното кривично дело и истиот го признал делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претрес кај тетовец кој нелегално реемитувал тв канали, пронајдено и оружје
Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок. При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Приведен разбојник баран со потерница за пет години затворска казна
Денеска (05.03.2022) во 12.50 часот во с.Волково, скопско на пат за с. Орман од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје е лишен од слобода И.П.(27) од Скопје, кој се барал по централна потерница од КПУ Затвор Скопје, а осуден е на казна затвор од пет години во врска со кривично дело „Разбојништво“ казниво по член 237 од Кривичен законик. Лицето ќе биде предадено на кзанено поправната установа.
Приведени криумчари на мигранти
На 04.03.2022 околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји. Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ.
Кривична пријава за бесправно градење
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(51) од Охрид, Б.Н.(47) од струшкото село Радожда и С.Б.(53) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавените во својство на инвеститори, кај месноста „Лојиште“ во атарот на струшкото село Радожда, во текот на 2021 година, спротивно на одобрението и основниот проект, започнале со градба на три угостителски објекти. По извршениот инспекциски надзор, донесено било решение со кое на инвеститорот му се наложува да се отстранат неправилностите.
Приведен крадец на подрачје на Бит Пазар
На 05.03.2022 во 05.00 часот во објект на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е затекнат и лишен од слобода О.М.(24) од Скопје при извршување на кривично дело тешка кражба. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен криминалец од Сарај баран со потерница
На 04.03.2022 во 22.20 часот во с. Сарај, скопско од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Н.Н.(28) од с. Сарај, кој бил баран по централна потерница од КПУ Идризово заради бегство од установата, каде издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ казниво по член 273 и кривично дело „Криумчарење на мигранти“ казниво по член 418б од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на канено поправната установа.
Единицата за интервентна полиција приведе дилери, пронајдена дрога
На 05.03.2022 во 02.15 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.В.(19) од с. Пирава, валандовско затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.03.2022 во 03.40 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.Т.(24) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.03.2022 во 00.15 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(20) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.