Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци
Почитувани,
Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина.
Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.
Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.
Почитувани,
Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.
Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.
Почитувани,
Владимир Ристовски – Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.
Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.
Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.
Почитувани,
Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори.
МВР – Демант
ВМРО-ДПМНЕ денеска, како и многу пати до сега, изнесе низа невистини и манипулации. Прво, настанот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ се случил во месец април 2020 година кога министер за внатрешни работи е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, а не Оливер Спасовски и доколку и има злоупотреба, треба да бараат одговорност од тогашниот министер Чулев.
Што се однесува до конкретниот настан, ја информираме јавноста дека полициските службеници постапувале по добиена документација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека лицата ги прекршиле ковид протоколите и е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај изречен е налог против полициските службеници од Основен суд Скопје 1, но таа одлука е обжалена и се уште неправосилна.
ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини и во врска со затворањето на угостителските објекти. МВР не затвора угостителски објекти туку постапува како асистенција на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои имаат надлежност да изречат мерка забрана за работа на објектите. Покрај тоа, ниту еден објект не е затворен доколку не го прекршувал законот.
Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини.
МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите.