МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: РАЦИИ ВО БИТОЛА, СКОПСКАТА ЧАРШИЈА, ИЛИНДЕН, ДРАЧЕВО, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ, МАЛОЛЕТНИЦИ СО АЛКОХОЛ

Пронајдена дрога и затекнати малолетници под дејство на алкохол во објект во Битола

На 05/06.03.2022 во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан. При контролата затекнати се пет малолетници под дејство на алкохол, а И. П. (18) од Прилеп е лишен од слобода по чл. 215 од КЗ затоа што кај него пронајдени се марихуана и екстази. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.

Пронајден кокаин, неиздавање фискални сметки- акциска контрола на угостителски објекти во скопската стара чаршија, Центар, Илинден, Драчево…

Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.