Претрес во Скопје, пронајдени дрога и пиштол, приведено едно лице
На 06.05.2022 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода З.С.(51) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дигитална вага, еден пиштол за светлосни звучни сигнали и неколку куршуми за светлосна звучна сигнализација.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик. Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, кој што се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на ул.,,Максут Садик” односно на ул.„376″.
Расчистена разбојничка кражба во Битола, пронајдени одземените предмети, приведено едно лице
На 06.05.2022 во 15.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола. Таа се сомничи дека околу 14.30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Расчистено насилство во угостителски објект во Скопје, кривична пријава за две лица
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
На 05.05.2022 во 12.20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор.