PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

МВР ВИКЕНДОВ СО РАЦИЈА ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ФАТЕНИ БЕГАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА, УАПСЕНИ КРАДЦИ, ДИЛЕРИ, ИЗМАМНИЦИ, УКРАДЕНОТО ВРАТЕНО НА ОШТЕТЕНИТЕ

Пронајдена дрога во угостителски објект во Прилеп, приведено едно лице

На 08.05.2022 во 00.05 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода И.А.(36) од Прилеп. При контрола во негов угостителски објект во Прилеп била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Приведен разбојник во Скопје, следува кривична пријава

На 07.05.2022 во 10.35 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода И.И.(45) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.05.2022 извршил разбојништво во аптека на бул.„Партизански Одреди“.

Против него биле обезбедени докази и тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдено одземено возило и вратено на сопственикот

На 07.05.2022 околу 01.40 часот на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје. Во моментот на лишувањето тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој на 06.05.2002 пријавил дека му било одземено. Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведено лице од струшко за издржување затворска казна

На 07.05.2022 во 14.50 часот во с.Враништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга го привеле П.И.(28) од с.Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година.

Во 15.20 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.

Приведени тројца крадци во Скопје, пронајдени повеќе украдени предмети

На 06.05. и 07.05.2022 на 2022 на ул.„Иван Аговски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош ги лишиле од слобода М.К.(21), Е.К.(21) и Б.Џ.(26), сите од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, приведени 12 лица

Ноќта помеѓу 07.05./08.05.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, кои биле лишени од слобода.

Имено, кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведено лице во тетовско поради приредување на игри на среќа без лиценца

На 07.05.2022 во 22.15 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од с.Боговиње поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа. При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

loading...

bắt go88

https://sunwin.gg/