71 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес
Денеска (24.05.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 71 возач. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово
Денеска (24.05.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 75 возачи. Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
52 санкционирани возачи на мотоцикли во Гостивар, два мотоцикли одземени
Денеска (24.05.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на ОВР Гостивар за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 32 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.