БРАВО - Повлечени зборовите циганштија, курва, педер и други од дигиталниот толковен речник
БРАВО - Повлечени зборовите циганштија, курва, педер и други од дигиталниот толковен речник
ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ДА СИ ПРЕМИЕР - ФОТКА НА ДЕНОТ!
ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ДА СИ ПРЕМИЕР - ФОТКА НА ДЕНОТ!
МВР НЕМА МИЛОСТ ЗА НИКОГО, НЕМА ВЕЌЕ ЗНАЕШ ЛИ КОЈ СУМ ЈАС: ПРИВЕДЕНИ СЕДУММИНА ОД СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ТРИ КИЧЕН“ ВО 1.30 ПО ПОЛНОЌ
МВР НЕМА МИЛОСТ ЗА НИКОГО, НЕМА ВЕЌЕ ЗНАЕШ ЛИ КОЈ СУМ ЈАС: ПРИВЕДЕНИ СЕДУММИНА ОД СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ТРИ КИЧЕН“ ВО 1.30 ПО ПОЛНОЌ
Владата и партиите од албанската опозиција постигнаа договор за Законот за државјанства
Владата и партиите од албанската опозиција постигнаа договор за Законот за државјанства
Шекеринска во Рим: По членството во НАТО, Италија ќе продолжи активно да лобира за отворање на пристапните преговори со ЕУ во најкус можен рок
Шекеринска во Рим: По членството во НАТО, Италија ќе продолжи активно да лобира за отворање на пристапните преговори со ЕУ во најкус можен рок
ТВ Телма: Хелсиншки комитет ја смета за многу штетна изјавата на Пендаровски за 27 април
ТВ Телма: Хелсиншки комитет ја смета за многу штетна изјавата на Пендаровски за 27 април
Совет на Општина Центар донесе заклучок да се направат стручни елаборати за тоа дали да се даде одобрение за градба кај ГТЦ или да се поведе постапка за суспензија на ДУП-от
Совет на Општина Центар донесе заклучок да се направат стручни елаборати за тоа дали да се даде одобрение за градба кај ГТЦ или да се поведе постапка за суспензија на ДУП-от
Укинат задолжителниот карантин за лицата кои од С.Македонија и Грција влегуваа во Албанија
Укинат задолжителниот карантин за лицата кои од С.Македонија и Грција влегуваа во Албанија

МЗ: КОВАКС СИСТЕМОТ НЕ ИНФОРМИРАШЕ ДЕКА ДОБИВАМЕ ОКОЛУ 35 000 ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА ВО МАРТ!

Почитувани,

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопшти деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Дополнително од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.

Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата.

Во однос на вакцинирањето, Република Северна Македонија има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници. Системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

loading...

AniWatch anime websites: Watch Attack on Titan Final Season Episode 1 (https://aniwatch.pro/m/Aa5B/ep-1)

AnimeTV animetv boruto: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 19