👉СДСМ како најголема, најпрогресивна и најдемократска партија, поставува нови стандарди на политичката сцена,како единствена партија која својот претседател го бира на непосредни внатрепартиски избори, каде право на глас имаат сите членови!
👉Како и на претходните избори, така и на овие гласањето ќе се одвива со членските картички и соодветни читачи поставени на секое гласачко место.
👉По утврдувањето на идентитетот на членот и неговото право на глас, членот гласа на тајно, непосредно гласање, по што во системот се потврдува дека тој го искористил правото на гласање.
👉Гласањето е тајно, преку заокружување на гласачкото ливче на кое се наоѓаат кандидатите за претседател на СДСМ.
👉Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди, целосно безбеден по здравјето на граѓаните.