🎊Предновогодишна атмосфера и празнична чувства од вечерва и во нашиот град.
На градскиот плоштад е отворен Новогодишен базар – Струмица 2️⃣0️⃣2️⃣2️⃣.
🏚Во осум дрвени куќички се продаваат рачно изработени новогодишни украси, уметнички дела, колачи, сендвичи, кафе и пијалоци. Одлична понуда за сите нас и гостите кои во овој период од годината го посетуваат нашиот град.
Новогодишниот базар е иницијатива на Здружението Базар Струмица, на кое му ја дадов мојата максимална поддршка, како што впрочем ја давам и ќе ја давам на сите иницијативи од граѓаните и бизнис секторот за нови и интересни содржини во нашата Струмица.
👉Новогодишниот базар кој ќе има и богата забавна програма за најмалите, ќе биде отворен до 8 јануари следната година.
Да се радуваме и да уживаме во последните денови од оваа и првите денови од Новата 2️⃣0️⃣2️⃣2️⃣ година.
Од срце за мојата и нашата Струмица.❤️