На влезната страна на граничниот премин Прешево-Табановце помеѓу Србија и Северна Македонија е поставен знак „Отворен Балкан“, со кој се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Северна Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект, соопштува српското Министерство за финансии.
Министерот за финансии на Република Србија, Синиша Мали, денеска изјави оти иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел значително да го забрза протокот на стоки и услуги, да создаде единствен пазар на труд и да ги подобри деловните услови за компаниите, што би довело до побрз економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на земјите потписнички на договорот во рамките на „Отворен Балкан“.
„Камионите не треба да чекаат со часови на границите, туку сите потребни процедури да се спроведат брзо и ефикасно“,нагласи министерот Мали и додаде дека на овој начин се слуша гласот на стопанството и влијанието на натамошното подобрување на економскиот амбиент.
Тој напомена дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на економиите и потсети оти во рамките на иницијативата се потпишани договори кои освен за олеснување на трговијата треба да придонесат и за соработка во областа на храната, фитосанитарната и ветеринарната инспекција.
„Ги решаваме прашањата што ја мачат економијата, како што се чекањето на границите и комплицираните административни процедури или недостигот на работна сила. Сето тоа се работи кои носат многу придобивки за