На наше задоволство и со цел промовирање на домашното поетско творештво, Комерцијална банка и годинава, традиционално, е ексклузивен спонзор на наградата „Новите“, која книгоиздателството „Темплум“ ја доделува на најдобриот прозен дебитантски ракопис.
На годинешниот лауреат Марија Ангеловска, за нејзиното дело „Глава што лебди“, Комерцијална банка ќе ѝдодели парична награда во вредност од 92.250,00 денари.
Оваа награда е поддршка и поттик за младите и недоволно афирмирани автори да продолжат со своето дело и понатаму да го афирмираат македонското прозно творештво. Со Наградата се промовираат и новите тенденции во литературата, новите поетски начела, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла, културно, но и економски и медиумски.
Синоќа во културниот центар „Јадро“, во организација на издавачката куќа „Темплум“, беа доделени наградите за 2021 година за најдобар дебитантски ракопис, „Новите!“ и за најдобрите стрипови од конкурсот „Лифт“. Воедно беа промовирани и книгите произлезени од конкурсите: Лифт #4 (14 кратки стрипови) и „Глава што лебди“, раскази од Марија Ангеловска.
Наградата „Новите!“, значи, ја доби Марија Ангеловска.
Четирите наградени автори за стрип се: Гоце Илиевски, Гаја Смилевска, Јована Велинова Трајанова и Владимир Илиевски.
На настанот присуствуваа триесетина луѓе, главно авторите на стриповите и на прозните дела. Наградените ги промовираа Никола Гелевски, уредник на Темплум и член на жирито за наградата „Лифт“, и Петар Андоновски, член на жирито за наградата „Новите!“.
Книгите уште денес и утре можат да се набават на Малиот новогодишен саем во книжарницата „Гладно срце“.