БОМБА НА ЗОРАН ЗАЕВ: ПОБЕДУВАМЕ ИЛИ ВОДИМЕ ВО НАД 30 ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА И ПЛУС СКОПЈЕ!
БОМБА НА ЗОРАН ЗАЕВ: ПОБЕДУВАМЕ ИЛИ ВОДИМЕ ВО НАД 30 ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА И ПЛУС СКОПЈЕ!
ЛИДЕРОТ НА МЛАДИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОД СТРУМИЦА, СТОЛЕ КОЦИРОВ: Едно сме биле, едно и ќе останеме. СДММ е авангарда, движечка сила и мотивација на секој млад социјалдемократ
ЛИДЕРОТ НА МЛАДИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОД СТРУМИЦА, СТОЛЕ КОЦИРОВ: Едно сме биле, едно и ќе останеме. СДММ е авангарда, движечка сила и мотивација на секој млад социјалдемократ
Над 1 000 неважечки ливчиња во Кочани, Илијев од СДСМ во водство пред Папазов од ВМРО-ДПМНЕ
Над 1 000 неважечки ливчиња во Кочани, Илијев од СДСМ во водство пред Папазов од ВМРО-ДПМНЕ
ВО ЖИВО: ВО 00.30 ЧАСОТ СЕ ОЧЕКУВА ОБРАЌАЊЕ ОД БИХАЧКА НА ЛИДЕРОТ НА СДСМ, ЗОРАН ЗАЕВ
ВО ЖИВО: ВО 00.30 ЧАСОТ СЕ ОЧЕКУВА ОБРАЌАЊЕ ОД БИХАЧКА НА ЛИДЕРОТ НА СДСМ, ЗОРАН ЗАЕВ
(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден

НА ПЕЏА МУ ПУКНА ФИЛМОТ ОД АНТИ ВАКСЕРИТЕ: Ме прогонуваат сцените од локалните протести на Карените, каде бевме сведоци на целосно отсуство на здрав разум. Она што особено зачудува, е гордоста со која овие луѓе настапуваат, целосното отсуство на срам, на контролен психолошки механизам на колективна одговорност!

Борбата против вакцинација не е страв од вакцини, туку недостаток на психолошки интегрирана личност, помешано со општествено разгалена себичност, недостаток на одговорност или емпатија кон ближните. Пишува Петар Арсовски, пренесува Дојче веле.

Ова, по се изгледа, ќе биде година на Карените. Карен, помеѓу другото, е термин создаден во САД, како измислено име за вид на личност која смета дека има привилегии и права над другите, прилично е агресивна кон сите околу неа, а најчесто нема никаква емпатија и одговорност за околината, но затоа е полна со предрасуди и незнаење. Карен мисли дека земјата е рамна. Карен смета дека авионите ни пуштаат „кемтрејлс“. Карен е убедена дека нѐ зрачат со „харпови“. Карен знае дека короната е заговор и дека во вакцините стават чипови заради кои на рамото се лепат лажички. Зашто, пак, длабоката држава не може да си дозволи да не знае каде се движи Карен, каде го купува полутиот кромид и поблагиот домат. Карен се буни кога во супермаркет ѝ бараат да стави маска, и секако е скандализирана од барањето да се вакцинира.

Она што фрапира, е кога ваквата психопатологија (да немаме дилеми, тоа е психопатологија), се појавува на јавна сцена, масовно, дури и гордо, и агресивно шири небулози барајќи, на пример, да се искинат знаците кои бараат носење маски, или протестирајќи против миење раце. Ме прогонуваат сцените од локалните протести на Карените, каде бевме сведоци на целосно отсуство на здрав разум. Она што особено зачудува, е гордоста со која овие луѓе настапуваат, целосното отсуство на срам, на контролен психолошки механизам на колективна одговорност, на целосна интеграција на несвесното во свесното.

Да бидеме јасни: борбата против вакцинација, особено во контекст на пандемијата со која светот во моментов се соочува, не е прашање на страв од вакцини. Тоа е прашање на недостаток на психолошки интегрирана личност, помешано со општествено разгалена себичност и недостаток на одговорност или емпатија кон ближните. Карените кои протестираат против вакцини, не го прават тоа зашто се плашат од боцкањето, зашто истите тие пушат, пијат, не се плашат од ботокс и силикони, додека тврдат дека се плашат од вакцината. Тоа не е страв, тоа е патолошки инает. Во основа, тие личности имаат создадено субкултура на инуенда, дезинформации, раскината врска со официјалните податоци, наука, и држава, како што пишува Гардијан, и најчесто формираат целосно затворен систем на тафтологии кои ги потврдуваат нивните предрасуди, незнаење и измислици. Уште пострашно е, што, играјќи на нивните атавистички емоции и нагони, некои политички структури се обидуваат на тие емоции да профитираат. Недостатокот на одговорност кај демонстрантите е индивидуален и потсвесен, но кај поттикнувачите е пострашен, зашто е системски и дијаболичен, некрофилско-лешинарски.

Инаку, фактите се неумоливи, и токму затоа, една од најважните карактеристики на Карените, е што одбиваат за нив да разговараат или дебатираат. Еве неколку од позначајните. Прво, пандемијата ќе заврши кога, и само кога, доволен број луѓе ќе се вакцинираат или ќе создадат природен имунитет од болеста, што вирусот нема да има каде да се шири, да мутира и да создава нови варијанти кои би се обиделе да го заобиколат имунитетот. Значи, не постои друг начин да се сузбие пандемијата одошто масовна вакцинација. Ако имаме предвид дека вакцинацијата создава еднаков или подобар имунитет од природно стекнатиот (со прележување), јасно дека сѐ додека некои не сакаат да се вакцинираат, сите ја плаќаме цената за нивното одбивање.

Второ, да не се вакцинираш во време на пандемија не е само лична одлука, бидејќи таа постапка повеќе влијае на околината одошто на личноста која ја носи. Затоа, тоа нема никаква врска со човекови права или дискриминација. По дефиниција, човековите права се ограничени на онаа линија каде нивното практикување загрозува туѓи човекови права. Во превод, не може под човеково право, да се подведе правото да ги повредите туѓите човекови права. Затоа, никако не може барањето за потврда за вакцинација да биде дискриминација или нарушено човеково право, зашто пак, Карените не се бунат за нивните индивидуални права на вакцинација (иако и тоа не би било човеково право, зашто задолжителна вакцинација во време на пандемија не би се сметало за повреда на индивидуалните права). Овие кои протестираа не се бунат за нивно право да одбијат вакцина и да одат да медитираат на Кодра Фура, не, тие сакаат невакцинирани да влезат во диско и кафеана. Значи, тие всушност, се борат за да добијат „право“ да заразат некој друг, претставувајќи го тоа како човеково право, што е врв на апсурдот. Како овие Карени не се бунат зашто не можат да пушат на затворено, каде има и непушачи?

Трето, одбивањето вакцина е директна помош за вирусот. Значи секој оној кој не се вакцинира, со таа своја лична постапка, директно помага вирусот да се шири и пандемијата да трае. Ова од две главни причини: првата е што невакцинираните го шират и пропагираат ширењето на вирусот, за што цената ја плаќаат вакцинираните. Второ, и поважно, невакцинираните овозможуваат плодна почва за нови мутации на вирусот. Се додека има статистички доволна бројка на невакцинирани, вирусот меѓу нив слободно мутира, и неизбежно ќе создаде варијанта која потоа ќе стане опасна и за вакцинираните. Значи, кога не се вакцинираат, Карениве не само што го шират вирусот, туку му помагаат потенцијално да ги поништи и ефектите на досегашната имунизација.

Затоа, прашање е дали Карените, и кога би се вакцинирале, би требале да се шетаат слободно.

loading...

https://animepahe.cc watch animes

Detective Conan Movie 17: Private Eye in the Distant Sea (https://animefreak.ws/m/0Ga6) Episode Full

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

ANIMEFLIX: Fairy Tail anime episode 175 online free at https://animeflix.nl animeflix ponyo

Blackhatworld: https://www.blackhatworld.com/members/animefreakws.1519902/#about

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/animeflixnl/