(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

НА СРБИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИМ СЕ ОДДОЛЖИМЕ ЗА СЕТА ПОМОШ ШТО НИ ЈА ДАДОА – Филипче: Капацитетот на производство на Институтот Торлак е милион дози на месечно ниво, овие дози на вакцини ќе бидат на располагање на сите околни земји

Почитувани,

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во рамки на денешната посета Белград имаше предвидено и посета на самиот Институт Торлак кадешто заедно со српскиот Државен секретар за здравство Мирсад Черлек имаше можност да дискутира во однос на капацитетите за производство на вакцините. Веќе се припрема производството на вакцината Спутник В, а капацитетот на производство е 1 милион дози на месечно ниво. Овие дози на вакцини ќе бидат на располагање на сите околни земји.

Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини Торлак каде ќе се произведуваат не само вакцините кои се досега во календарот произведени туку и веќе се припрема производство на вакцината Спутник В. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме една солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот Торлак нема да биде само за потребите на Република Србија туку и за потребите на целиот регион, а посебно нашите братски и комшиски држави како што е Северна Македонија. – кажа Државниот секретар за здравство на Србија Мирсад Черлек во изјавата за медиуми пред Институтот Торлак.

Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче се осврна на заклучоците кои произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија Лончар, во кои скоро сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктутата и препораките во третман на пациентите.

После успешниот состанок со министерот Лончар на којшто разговаравме за навистина важни теми во дел на менаџментот на целокупната криза со Ковид 19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки и во делот на третманот на пациенти, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите клиничката слика, овој бран споредено со оној бран минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични односно исти и дека дефинитивно во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата. -кажа министерот Филипче.

За Институтот Торлак министерот Филипче изјави дека е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во сиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментов функционира со надградени капацитети.

Овој Институт во којшто сега се наоѓаме на посета е познат по својата експертиза и искуство, приближно 100 години постоење, афилиран е со Фармацевтскиот факултет тука во Белград, Агенцијата за лекови исто така се наоѓа тука, пред неколку години незнаејќи дека доаѓа ваква криза значајно се надградени капацитетите за производство и целокупната машинерија е целосно обновена што сега довело до тоа да бидат спремни за последната фаза од производство на вакцината Спутник В, може да се одвива и тука и сметам дека направивме одличен разговор и договоривме дека можеме да сметаме на тоа да токму оваа вакцина којашто ќе биде произведена овде во Институтот Торлак биде местото од коешто ние за секоја понатамошна нарачка може да се обратиме и согласно капацитетот може да сметаме дека ќе има доволна количина и за нашите граѓани, милион вкупно на месец, вкупно од двете компоненти на вакцината на Спутник се планирани, ова е производство коешто се надополнува на веќе постојното производство на други вакцини коишто Институтот Торлак со години наназад ги снабдуваше сите земји на бивша Југославија. Сакам да се заблагодарам на домаќините за одличниот прием, мислам дека нашата соработка како и што сега се одвива во делот на менаџирањето на ковид кризата исто така како што претходно се одвиваше во делот на соработката во многу други струки на здравството и медицината ќе продолжи и понатаму. – изјави министерот Филипче.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство

loading...

AnimeDao animedao online: Spirit Chronicles Episode Preview

WCOStream free anime: Watch TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 11