(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете
ХАХА, ОВА Е ЈАКО - РИЗАОВ: ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ЗБОРОТ СЕВЕРЏАН НА ТУРСКИ ЗНАЧИ САКАНА ДУША
ХАХА, ОВА Е ЈАКО - РИЗАОВ: ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ЗБОРОТ СЕВЕРЏАН НА ТУРСКИ ЗНАЧИ САКАНА ДУША
БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ИМА ЕДНА СИЛНА ПРИЧИНА ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ МАСОВНО ГО ПРИФАТИЈА КОМУНИЗМОТ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА - САМО КОМУНИСТИТЕ НЕКОГАШ МУ ПОНУДИЛЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ИМА СВОЈА ДРЖАВА

БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ЕУ И САД НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПРИТИСНАТ БУГАРИЈА, ТАА Е ПОВАЖНА ОД НАС ГЕО СТРАТЕШКИ, АКО ГИ СЛУШАШ НЕКОИ ВАТРЕНИ ПАТРИОТИ ЌЕ СИ ПОМИСЛИШ ДЕКА СМЕ НУКЛЕАРНА ВЕЛЕСИЛА СО МИЛИЈАРДА ТОНИ НАОЃАЛИШТА НА НАФТА И ПРИСТАНИШТА НА 2 МОРИЊА

Ковачевски ја почна посетата на Италија, се сретна со сенаторот Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа
Ковачевски ја почна посетата на Италија, се сретна со сенаторот Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни

Бројот на увезени возила од земјава лани драстично се зголемил. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е зголемен за над 8.000 во споредба со 2020 година.

Процентот на граѓани кои поседуваат сопствен автомобил од година во година расте во земјава. Притоа, низ годините наназад мнозинството од овие превозни средства што се увезуваат се веќе користени, со поминати десетици илјади километри и со мотори најчесто со под ЕУРО 5 стандарди на емисија на издувни гасови, кои го загадуваат воздухот.

Па така, од јануари до ноември лани во земјава биле увезени вкупно 36.740 автомобили, од кои на старо се 31.433, додека како нови влегле 5.307. Изразено во проценти, над 85 отсто од автомобилите кои биле импортирани во земјава лани биле на старо. Ваквиот процент се задржува со години наназад, почнувајќи од 2010 година кога беше олеснет увозот на половни возила во земјава.

Од Министерството за економија на почетокот на годинава за Мета.мк изјавија дека во 2022 година ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Ова следи откако лани ваквата мерка не се оствари, иако министерот за економија Крешник Бектеши ја вети уште во јануари 2021 година. Конечната одлука за промена на нивото на емисија на издувни гасови за возилата кои се увезуваат треба да ја донесе Владата на РСМ.

Инаку, заострувањето на условите за увоз на половни возила од странство е една од мерките за да се ублажи влијанието на патниот транспорт врз аерозагадувањето во градовите. Две други мерки коишто исто така беа ветувани од Владата дека ќе се спроведат на национално ниво се воведувањето на еколошката такса за нафтените деривати, но како и на еколошките налепници за возилата што сообраќаат на улиците.

Според последните информации што ги добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање, воведувањето на еколошката такса што беше најавена од 1 јули минатата година сè уште се наоѓа во собраниска процедура, бидејќи е во рамки на предлогот на Законот за Измена и дополнување на Законот за животна средина.

„Во однос на еколошките такси, предлагањето не значи и прифаќање и одлуката останува на пратениците, кои го имаат последниот збор“, велат за Мета.мк од Министерството за животна средина.

Во меѓувреме, цената на нафтените деривати во моментов достигна рекордно ниво во Северна Македонија, при што цената на бензините е над 80 денари за литар, додека вредноста на дизелот на бензинските станици надмина 70 денари за литар. Ова се највисоки цени забележани во периодот од 2012 година, кога цената на бензинот Еуросупер БС-95 тогаш достигна 88,5 денари за литар.

Поради ваквото зголемување на цените како последица на енергетската криза и војната во Украина, опозицијата не само што не поддржува воведување на еколошката такса, туку деновиве побара намалување на акцизите за горивата за возила за 50 отсто. ВМРО-ДПМНЕ поднесоа и предлог-закон, со коишто преку намалување на акцизите, планираат да се намали цената на нафтените деривати.

Уште една мерка која што може да влијае врз намалувањето на аерозагадувањето во градовите, но и на емисиите на стакленички гасови на земјава, се еколошките налепници за возилата. Оваа мерка за воведување на црвени, жолти и зелени налепници, односно класификација на возилата според степенот на испуштање на издувни гасови, веќе трета година по ред не е функционална.

Од Министерството за економија деновиве не добивме одговор кога би можело да профункционираат еколошките налепници, со кои ќе се ограничи движењето на возилата што го загадуваат воздухот во периоди кога има енормно аерозагадување низ градовите. Од Министерството за животна средина пак само накратко ни рекоа дека ова прашање е во надлежност на Министерството за економија.

Последната информација што ја добивме од Владата во текот на минатата есен беше дека Министерството за економија го изработило правилникот, со кој се пропишува постапката за определување на еколошката категорија на возилата и истиот го доставиле на мислење до Секретаријатот за законодавство, но без конкретен датум кога би можело да профункционираат еколошките налепници за возилата во земјава.

Покрај аерозагадувањето, забрзаниот увоз на возила од странство доведува и до зголемување на проблемот со недостигот на паркинг места во градовите, го оптеретува веќе присутниот сообраќаен хаос во поголемите градови, а притоа забрзаната стапка на моторизација на населението го намалува и користењето на јавниот превоз, покажуваат статистичките податоци.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime streaming Death Note

ani watch SK8 the Infinity

english anime My Hero Academia Season 3

watch anime online The Strongest Sage with the Weakest Crest

aniwatcher AniWatch Naruto (Uncropped) (Dub)