Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Најактивните и најпосветените членови се тие кои партијата мора да ги вреднува и почитува.
Мора да ги активираме и пасивизираните членови, но и да привлекуваме нови, компетентни и мотивирани луѓе да се приклучуваат во партијата. Како иден претседател главна цел ќе ми биде да изградиме фер внатрепартиски систем и евалуација на придонесот на секој активист. Само така ќе имаме мотивирано членство кое ќе придонесува за партијата и државата.
#Заедно