Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Најчевска: Де бре Данела, книгите ли ти засметаа – јас би им плаќала да бидат таму

Продавачите на стари книги на Кејот 13 Ноември во центарот на Скопје мора да ги напуштат тезгите на кои продаваат со години. Од Град Скопје добиле рок да се иселат до 21 април, бидејќи немале договори.

Продавачите велат дека не им биле понудени договори од Арсовска, туку само решение за иселување и дека за време на пандемијата како дел од мерките за помош биле ослободени од претходното градско раководство од плаќање надоместок.

Од Град Скопје вчера реагираа со соопштение, во кое ја објаснија целата ситуација.
-За целосно информирање на јавноста во однос на медиумските натписи за затекнатата состојба со корисниците на куќарки на Кејот 13 ноември сакаме да појасниме дека лицата се без активни договори со град Скопје од 01.02.2018 година.
градоначалник на Градот Скопје, Петре Шилегов свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно без постоење на правен основ за нивно користење.

Ваквата состојба најмалку одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата.

Овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година.

Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат.

Дотолку што постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните.

Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот Скопје во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење.

Во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките.

Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење, напишаа во своето соопштение од Град Скопје.По информацијата за решението да се ослободат куќарките во кои се продаваат книги, многумина од јавниот живот со остра осуда за ваквиот потег.

Професорката Мирјана Најчевска ја прокоментира вакавата одлука на градското раководство:

„Добро бре Данела, книгите ти засметаа? Тоа е главниот кр иминал со кој треба да се справиш? За мене тоа е најголемиот украс на кејот. Јас би им плаќала да бидат тука“, напиша Најчевска на својот профил на социјалните мрежи.

loading...

đánh bài online go88

live chat sunwin Tải SunWin | Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN sunwin nhatvip