Проф. Мирјана Најчевска на Твитер реагира на објавата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ:
Што заклучувам од оваа изјава?
Ветиле рушење на правната држава и сега се гордеат со исполнување на ветеното.
Дека ветиле исплата за дадени гласови и сега го исполнуваат ветеното.
Дека се мафијаши кои држат до зборот и ако си дел нивната банда ќе бидеш соодветно награден
Најчевска реагираше на објавата на Мицкоски кој на 30 декември се пофали:
Во Битола за два месеци се изработени над 1.000 решенија за легализација на објекти на граѓаните, ова за нас преставува посебен и значаен сегмент бидејќи го реализираме тоа што сме го ветиле пред граѓаните.