Таа доаѓа како совршено изненадување во вид на подарок токму во пресрет на највеселите и најубавите празници во годината.
„Ист Гејт подарок-картичката“ е достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари, се со цел да биде вредна за дарување во секоја прилика и со најразличен повод, a може да се набави во експозитурите на Комерцијална банка. Подарок-картичката е прифатена од редица продавници во Ист Гејт Мол, во кои ви се достапни најпознатите брендови од модата, козметиката, техниката, спортот…
Може да се користи во период од шест месеци од денот на нејзиното купување и да се троши повеќекратно во тој временски период, на различни продажни места. Сите детали за картичките и листата на продажни места каде што може да се користат се достапни на следниот линк https://kb.mk/gift-egm.nspx .
Подарок-картичките се модерно и елегантно решение кога го барате најсоодветниот подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство. А, тоа секако го заслужуваат вашите најсакани, колегите, пријателите или деловните партнери.
East Gate Mall