ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

НАЈГОЛЕМА ШТЕТОЧИНА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК ПОЛИТИКАТА: Милошоски ја манипулира јавноста, споделувајќи невистини пласирани во бугарски портали

Милошоски, со целосни шпекулации на дел од бугарските медиуми, во форма на прашања изнесува низа невистини околу причините за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски напиша Фејсбук статус во кој изнесе неколку неточни информации и неколку непотврдени шпекулации поврзани со кобната автобуска несреќа на автобусот „Беса Транс“ во соседна Бугарија, при што животот го загубија 47 лица, а седум беа повредени. Милошоски меѓу другото напиша:

Ова е организиран криминал и трагедија

-Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на БЕСА ТРАНС? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, М.Транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт?

-Случајно ли од МВР незаконски беа издавани пасоши за нарко босовите од Турција? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу ефтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?

-Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин ⁉️

п.с. и зошто другите автобуси од БЕСА ТРАНС , кои ја возеле истата тура, не застанале да видат што се случило, да почекаат преживеан, да помогнат, туку веднаш заминале преку граница кон МК? Дали можеби им било побитно да избегнат било каков претрес на багажот од бугарската полиција?

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Иако во објавата Милошоски овие шпекулации ги формулира како прашања, сепак, без притоа да има докази, со нив инсинуира повеќе обвинувања кои се покажаа како невистинити.

Милошоски вели дека автобусот на „Беса Транс“ вршел илегален превоз на анхидридна киселина, која се користи за производство на хероин. Ова е неточна информација.

Оваа дезинформација се појави првично во бугарските медиумите, каде се појавија и многу други шпекулации. Бугарскиот медиум „Alarma.bg“, објави дека тубите со лесно запаливата материја, која се употребува во производство на хероин и амфетамин, се можна причина за трагедијата во која настрадаа 45 македонски патници, од кои повеќето деца и млади луѓе. Иако оваа информација бугарските медиуми ја објавија без официјална потврда од било кој институција, пратеникот Милошоски, без дополнителна проверка, ја сподели и на својот Фејсбук профил како да е вистинита и притоа над 3 илјади реакции (допажања, споделувања и коментари).

По споделувањето на Фејсбук, оваа информација, за која немаше никаква потврда дека е вистинита, стана вирална и во медиумскиот простор, особено кај порталите, кои, исто така, без дополнителна проверка или потврда го цитираа Милошоски.

Ова беше демантирано од Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, која за „Топ тема“ изјави дека се неточни шпекулациите дека во автобусот се наоѓале и материјали за изработка на хероин која брзо горела.

Кога ги прочитав овие информации во бугарските медиуми, сè уште беа тука колегите од Бугарија, обвинителот и главниот истражител. Им ги покажав овие објави и прашав дали има вистина. Двајцата беа категорични дека не е точно, изјави Русковска.

Милошоски, исто така, пишува дека другите автобуси на „Беса Транс“ не застанале да им помогнат на патниците, туку побегнале накај граница за што побрзо да ја преминат, со што се инсинуира дека шверцувале нешто што е незаконско. И ова беше демантирано од Русковска, која рече дека автобусите воопшто не се движеле во конвој.

Не постоел конвој, затоа што автобусите од различно место од Истанбул, тргнувале за назад кон Скопје. Во зависност од желбата на патниците, некои сакале да одат во еден трговски центар, други во друг, на пример два автобуси, меѓу кои и изгорениот, тргнале од паркинг, бидејќи тие патници не сакале да одат во продавници и затоа не се тргнати како конвој. Нема голема временска дистанца на поаѓањето но сепак тоа е причината зошто немало конвој, вели Русковска.

На прашањето од новинарката дека тоа значи оти останатите автобуси не можеле да видат што се случува со автобусот кој имаше несреќа, Русковска одговара потврдно.

Исто така, не е точно дека никој не можел да влезе во „Беса Транс“ четири дена и да изврши контрола.

Беше влезено во Беса Транс уште веднаш, беа одземени компјутери. Бидејќи сите податоци околу организирањето на оваа тура биле во компјутер и од тие причини уште веднаш дента во вторникот беа одземени компјутерите, додава Русковска.

Притоа, целосно неосновано и без никакви докази, Милошоски сензационалистички ја поврзува оваа трагична несреќа со скандалот „Мафија“ со кој што беше откриено дека од МВР незаконски беа издавани пасоши за балкански нарко босови, меѓу кои и за турскиот наводен нарко бос Седат Пекер.

Милошоски се става во улога на обвинител, а притоа со споделување невистини прави забуна кај јавноста и ја наведува да донесе погрешни заклучоци врз основа на податоци за кои нема никаква потврда од истрагата и од релевантни институции дека се точни.

loading...

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Black Clover

watch anime online How NOT to Summon a Demon Lord Ω

online anime Fairy Tail (Dub)

anime website JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

ANIMEFLIX Gintama Episode 199