НАМЕСТО ДА ГО ХЕЈТАМЕ ЗАТОА ШТО Е АЛБАНЕЦ, ТРЕБА ДА МУ ПОДИГНЕМЕ СПОМЕНИК НА ЕДИ РАМА, ЧОВЕКОТ ИМА НАПРАВЕНО ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД ПОЛА ОД НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Наместо да го хејтаме треба да му направиме споменик на Еди Рама, ама за небањатите тој ќе си остане шиптар, а за нив нема добар шиптар, односно има ама само ако е два метра под земја.

Ајде да ги видиме фактите на терен:

Значи Еди Рама не инсистира да се одвои од Македонија на патот кон ЕУ, поради нас трпи штета и губи години за старт на преговори со ЕУ.

Но тоа не е доволно па се расправа буквално се тепа вербално со Бугарите за да ни помогне нас. Притоа и штети на Албанија затоа што Бугарија ова нема да му го заборави, тој сега е премиер на Албанија и неговите критики и напади се дипломатски скандал во односите Албанија – Бугарија.

Можете ли да замислите да беше обратно, да речеме Албанија и Грција да се тепаа за некој проблем, еве да речеме за областа Чемерија во Грција каде живеат Албанци и каде цело време има некакви струи кои наводно бараат автономија отцепување од Грција итн… Замислете Грција да ја кочеше Албанија и ние да мораше да ја чекаме Албанија да се разбере со Грција и после заедно да почнеме преговори?! И згора на тоа наш премиер да влезеше во тепачка со Грција за да и помогне на Албанија, замислете како тоа ќе беше примено кај нас?!

Штета што простите народни маси и опозициските медиуми не го ценат овој ангажман на Еди Рама, му правиме голема неправда на човекот, да тој има изострен осет за хумор и стил на облекување, но човекот е големо освежување на балканот, некогаш не знам дали човекот навистина постои и го прави тоа што го прави или се работи за некаква лажна вест на некој сајт за хумор и сатира, човекот е стварно генијален и многу храбар и дури и многу чесен и принципиелен, стварно е балканско чудо, такви политичари на овие простори се вистинска реткост.

game bài sunwin sunwin apk tải sunwin

tải sunwin apk sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin tải sunwin

game bài sunwin sunwin apk sunwin tài xỉu