БРАВО ПРЕМИЕРЕ, НАРОДОТ ОВА ГО ОЧЕКУВА ОД ВАС - СУПЕРМОДЕРНА ФИЛТЕР СТАНИЦА ВО ШТИП За 100.000 домаќинства обезбедена чиста и здрава вода
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, НАРОДОТ ОВА ГО ОЧЕКУВА ОД ВАС - СУПЕРМОДЕРНА ФИЛТЕР СТАНИЦА ВО ШТИП За 100.000 домаќинства обезбедена чиста и здрава вода
(ВИДЕО) Заедничката седница на двете влади, Република Северна Македонија и Република Косово е потврда на одличните односи и надградување на заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир
(ВИДЕО) Заедничката седница на двете влади, Република Северна Македонија и Република Косово е потврда на одличните односи и надградување на заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир
Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ
Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ
Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба
Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба
СТИПЕНДИИ ОД ОКТА ЗА ПОСТДИПЛОМЦИ Просекот на магистрираните е 9,95
СТИПЕНДИИ ОД ОКТА ЗА ПОСТДИПЛОМЦИ Просекот на магистрираните е 9,95
КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕДНИЧКА ЦАРИНСКА КОНТРОЛА: Министрите Бесими и Мурати потпишаа договор за заедничка царинска контрола на железничкиот граничен премин Блаце-Хани Елези
КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕДНИЧКА ЦАРИНСКА КОНТРОЛА: Министрите Бесими и Мурати потпишаа договор за заедничка царинска контрола на железничкиот граничен премин Блаце-Хани Елези
ОД БИХАЧКА БЕЗ МИЛОСТ КОН ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец
ОД БИХАЧКА БЕЗ МИЛОСТ КОН ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец
БРАВО МВР: Во соработка со Германија запленета е марихуана вредна над 100 000 евра
БРАВО МВР: Во соработка со Германија запленета е марихуана вредна над 100 000 евра

Народната банка вчера побара одлуката на Уставен Суд да не се поврзува со стабилноста на банкарскиот сектор

Штедачите и правните субјекти на Еуростандард банка кои не се обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити треба да бидат обесштетени по одлуката на Уставниот суд која го става во рамноправна положба Фондот и другите штедачи – физички и правни при обесштетувањето. Државата ќе мора да го усогласи Законот за банки според она што го препорача судот. Експертите велат дека оваа одлука на Уставен нема да влијае битно врз работата на Фондот и на банките, иако е можно банките да посегнат по промена на каматите, а Народната банка предупредува одлуката да не се става во контекст на стабилноста на банкарскиот сектор.

– Укинувањето на ставот 3 од членот 163 од Законот за банки сега ги изедначува сите штедачи како и правните субјекти кои се клиенти на банката и тие треба да бидат обесштетени еднакво со штедачите на осигурените депозити. Одлуката на судот меѓутоа не ги опфаќа веќе обесштетените штедачи кои имале до 30.000 евра во банката. Но, ќе ги опфати тие што досега не биле обесштетени а нивниот депозит бил осигурен – вели уставниот судија Осман Кадриу.

Кадриу вели дека оваа одлука ќе важи и за штедачите на Еуростандард банка кои не биле обесштетени и за правните лица клиенти на банката.

Одлуката прво треба да биде објавена во Службен весник, а потоа и да биде во сила. Тоа значи дека негде јуни-јули годинава таа одредба од законот повеќе нема да може да се применува. Дотогаш таа ќе важи.

И правниот застапник на оштетените штедачи во Еуростандард банка тврди дека нема дилема дека во текот на стечајната постапка редовните судови треба да го земат предвид и укинувањето на одредбата и да постапуваат според новонастанатата ситуација, односно без ставот од членот на Законот за банки и да ги применуваат одредбите од Законот за стечај.

Уставниот судија Кадриу смета дека државата сега ќе треба да ја земе предвид поуката на Уставниот суд и да го усогласи законското решение според тоа.

– Институциите ќе треба да направат норма која ќе обезбеди еднаква заштита на сите штедачи и на правните лица – клиенти на банките, кои досега не беа опфатени со овој Закон – додава Кадриу.

Тој оценува дека финансиската сотојба на Фондот за осигурување на депозити не се доведува во прашање со одлуката на Уставниот суд, туку само се изедначува во постапката за распределба на стечајната маса.

– Фондот има законски можности да ги надополни парите кои ќе му недостигаат за исплата на осигурените депозити и тоа треба да го искористи – додава Кадриу.

Според законот, Фондот за осигурување на депозити ако нема доволно пари за исплата на осигурувањето може да обезбеди пари преку дополнителни уплати од банките и штедилниците, да земе кредит, да земе позајмица од буџетот на државата. Доколку на Фондот му недостасуваат ликвидни средства за исплата на осигурените депозити на физичките лица, Министерството за финансии може да изврши откуп пред рокот на достасување на хартиите од вредност издадени од страна на Република Македонија кои се во сопственост на Фондот. Откупот се врши без објавување на јавен повик.

Од Фондот за осигурување на депозити велат дека тие својата дејност ја извршуваат согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити како lex specialis закон и дека нема никакви измени во нивното работење.

– Фондот за осигурување на депозити во законски рок согласно одредбите од Законот за стечај уредно и навремено го пријави своето побарување од должникот Еуростандард банка АД во стечај кое побарување е признаено со правосилно решение на судот. Тоа значи дека Фондот останува доверител во стечајната постапка којашто е отворена врз Еуростандард банка АД Скопје во стечај, односно Фондот не го губи правото да си го намири своето побарување од стечајната маса и согласно законските одредби од Законот за стечај очекува да го намири истото – велат од Фондот.

Моментално Фондот наплаќа премија од 0,25% на годишно ниво, која членките на Фондот, банките и штедилниците, редовно ја плаќаат на месечно ниво. Законската можност која му е дадена на фондот е наплаќање на премија до 0,7 отсто.

– Наша основна цел и дејност, како и до сега, е осигурувањето на депозитите на населението и обесштетување на депонентите во случај на настанување на ризичен настан до законски определениот праг на обесштетување. Нема измени во работата на Фондот. Нашата институција е и останува да биде еден од трите најважни столбови на финансиската стабилност во општеството – велат од Фондот.

Оттаму информираат дека вкупниот износ на пресметано обесштетување за депонентите од Еуростандард банка изнесува 4,177 милијарди денари или околу 68 милиони евра. До 31.03.2021 година преку банките исплатувачи се исплатени вкупно 3,621 милијарда денари или 86,68 отсто од пресметаното обесштетување или околу 59 милиони евра.

Фондот, според законот располага со 4 отсто од вкупните депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците. Инструментите во кои може да инвестира Фондот се: хартии од вредност издадени од страна Владата и од Народната банка со рок на пристигнување до дванаесет месеци и должнички хартии од вредност издадени од странски држави, централни банки или јавни меѓународни финансиски институции.

Прашањето, пак, на дополнително зголемување на обврските на банките кон фондот, ако за тоа има потреба, се смета за можност банките да ги зголемат каматите за да можат да обезбедат и дополнителни средства за фондот.

Од Македонската банкарска асоцијација, иако ги прашавме како оваа одлука на Уставниот суд ќе се одрази на каматите не одговорија, но неофицијалните информации се дека и банките подготвуваат одговор на одлуката бидејќи е можно да им се зголеми трошокот за осигурување на депозитите кој го плаќаат на Фондот, тогаш секоја банка ќе анализира како ќе го покрие.

Експертите велат дека оваа одлука на судот не би требало да влијае на каматните стапки, но сепак, можно е да се очекува банките тоа да го направат за да не ги намалат профитите и да го покријат новото оптоварување во услови на обезбедување дополнителни средства за осигурување на депозитите. Може да се очекуваат пониски камати на депозитите, а повисоки на кредитите.

Народната банка уште вчера побара одлуката на Уставен да не се поврзува со стабилноста на банкарскиот сектор.

– Донесената одлука на Уставниот суд не треба да се контекстуализира со состојбата и стабилноста на банкарскиот систем. Состојбите во банкарскиот систем се ценат преку клучните параметри за неговото работење, а тие и на крајот на првиот квартал од оваа година остануваат поволни – велат од Народната банка.

Останува Министерството за финансии да го уреди Законот за банки според она што го препорачува судот, а како тоа ќе биде решено најверојатно ќе се знае по 15 дена бидејќи рокот што му го даде Владата е толкав. Владата во задолжението до Министерството за финансии напиша дека предлот измени на Законот за банки треба да обезбедат еднаква заштита на штедачите, согласно европските закони кои се почитуваат во државата.

ИЗВОР: ПЛУСИНФО.МК

loading...

Animepahe: Hitori no Shita - The Outcast 2 anime episode 24 online free at https://animepahe.cc online anime

Sands of Destruction Episode 13

Watch Fairy Gone (Dub) Episode 12

Mahoraba: Heartful days Episode 26

Twitch: https://www.twitch.tv/animeflixnl/about

People sap: https://people.sap.com/kissanimemx#about