НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ, ФК ВАРДАР ИСПАДНА ВО ВТОРА ЛИГА

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга во претпоследното коло од сезоната 2020/21

Во струмичкото дерби бодовите ги освои тимот на Академија Пандев, додека во Ѓорче Петров, Македонија ЃП загуби важен меч кој може да ги чини пласман во евро-куповите.

Резултати на натпреварите од 32. коло во ПМФЛ играни попладнево:
Беласица – Академија Пандев 0:2
Борец – Ренова 2:0
Македонија ЃП – Шкендија 3:4
Работнички – Силекс 3:1
Шкупи – Пелистер 0:0
Струга Трим Лум – Вардар 1:0.

Табела: Шкендија 74 бода, Шкупи 58, Струга Трим Лум 54, Македонија ЃП 52, Работнички 47, Пелистер 42, Борец 40, Академија Пандев 38, Силекс 36, Ренова 35, Вардар 31, Беласица 17.

Во едно неодамнешно интервју, градоначалникот Шилегов кажа дека владата и градот прават обиди за спас на клубот но некој намерно сака да го згасне клубот за да предизвика револт во јавноста. Тој кажа дека има заинтересирани инвеститори од Катар да го преземат клубот но откако Самсоненко ќе си ги плати долговотие кои ги остави во клубот во висина од неколку милиони евра.

Пред еден месец навивачите Комити организираа акција за собирање средства за плати на фудбалерите и собраа 50 000 евра од продажба на карти, но таа сума е премала за клуб како Вардар кој има потреба од најмалку 2-3 милиона евра годишно само за плати на фудбалерите кои се или домашни или донесени од странство под скапи договори за клуб кој имаше намера да настапи и во Европа.

Да се надеваме дека оваа криза брзо ќе се надмине и Вардар ќе се врати на старите патеки како наш најголем фудбалски бренд.