Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

НАШИТЕ СУДИИ СЕ НЕСПОСОБНИ, КРИМИНАЛЦИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ – Ново одложување на „Титаник“ – судењето почна пред три години и седум месеци

Ако продолжи со ова темпо, тогаш во најобемниот предмет што го отвори СЈО постои опасност да застари кривичното дело злосторничко здружување затоа што според закон во 2023 настапува апсолутна застареност за него

И по 100 закажани рочишта случајот „Титаник“, во кој поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети за изборни нерегуларности, никако да мрдне од мртва точка.

Според извештајот на ТВ24, денешното рочиште беше одложено затоа што поранешниот градоначалник на општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко, утрото испратил известување до обвинителството дека е примен во болница на лекување.

Обвинителката Лиле Стефанова најави дека дополнително ќе се произнесе како ќе ја води постапката, а судијата Осман Шабани кој е претседател на судечкиот совет, изјави дека ако обвинителството не се произнесе тогаш судот ќе одлучи со решение и најави раздвојување на постапката за Темелко.

Како што потсетува ТВ24, ако продолжи со ова темпо, тогаш во најобемниот предмет што го отвори СЈО постои опасност да застари кривичното дело злосторничко здружување затоа што според закон во 2023 настапува апсолутна застареност за него.

Според мониторингот на Коалицијата сите за правично судење, судскиот процес по предметот „Титаник“ започна пред три години и седум месеци односно на 2 април 2018.

Изминатото лето, овој предмет се најде меѓу неколкуте од СЈО во кои дојде до промена во составот на судечкиот совет откако двајца поротници од Основниот кривичен суд беа разрешени поради наполнети 60 години.

Во случајот обвинети се вкупно 21 лице меѓу кои се: поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

loading...

go88 không vào được lỗi rút tiền go88 go88 ơ my

sunwin house bradford sunwin phiên bản cũ SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022