ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ

НАУМОСКИ: ЃОРЧЕ СЕ МЕНУВА, ГОРД СУМ ШТО СУМ ДЕЛ ОД ТАА ПРИКАЗНА

„СОН МИ БЕШЕ ДА СТАНАМ ПИЛОТ, ПА ПОТОА АКТЕР. ЉУБИТЕЛ СУМ НА СПОРТОТ, ЛОВ И РИБОЛОВ, А ОМИЛЕНА ДЕСТИНАЦИЈА НА СВЕТСКИОТ ГЛОБУС Е МОЕТО БУКОЈЧАНИ, РОДНОТО СЕЛО НА ТАТКО МИ. ВООПШТО НЕ СЕ ШТЕДАМ ВО ИЗВРШУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, НО СЕ ОБИДУВАМ ДА БАЛАНСИРАМ МЕЃУ ФУНКЦИЈАТА, СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ. ГРАЃАНИТЕ СЕ МОЈОТ МОТИВ, ВЕЛИ ПРВИОТ ЧОВЕК НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ ВО ЕДНО ПОИНАКВО ИНТЕРВЈУ ВО КОЕ ПОЛИТИЧАР НЕ ЗБОРУВА ЗА ПОЛИТИКА. ВИ НОСИМЕ ЕДНА ДРУГА СТРАНА НА НАУМОСКИ. ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА ШТО Е ГОРД И ШТО ТОЈ БИ ГО ПРАШАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА „ЗАПАДНАТА ПОРТА“ НА СКОПЈЕ ОД ДЕНЕШЕН АСПЕКТ.“

Кога бевте дете, кои Ви беа најголемите соништа?

Првиот детски сон ми беше да станам пилот. Во училиште дојдоа тогаш од ЈНА претставници и правеа избор по препорака на наставниците за регрутирање за пилоти. Ги поминав сите тестирања и прегледи во Воената болница, за жал се случи распадот на Југославија и бев оневозможен да продолжам со средното образование за пилот. Сепак го компензирав својот сон, бидејќи како доброволец во АРМ служев во Авио-бригадата во Петровец и имав летови со хеликоптер (Ми-24, 17 и 19) како војник. Две години бев активен во аматерски драмски тетатар како тинејџер, едно време се занесував дека ќе бидам актер, но добив неколку воспитни дома, зошто отсуствував од училиште и се откажав. Потоа следуваше насочување кон правото и ова што сум денес. Но, мојата љубов кон авионите и актерството никогаш нема да запре. Детски сон е сон што се сонува целиот живот колку и да сте возрасни.

Кој Ви беше омилен суперхерој во детството?

Многу ја сакам кошарката, во тоа време како деца беше актуелна НБА лигата која започна да се емитува на МТВ. Го обожавав Меџик Џонсон, плејмеркерот на Лејкерси, неговата магија во играта ден-денес е урнек за сите кошаркари.

Меџик Џонсон – идол од детството
Каков ученик беше актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров?

Одличен, но не со сите петки. Инаку, премногу активен во многу училишни секции. Активен на сите полиња. Не ја оставав ниту книгата, ниту улицата. Убаво е човек да има искуство од сите страни, но образованието мора да е на прво место. Квалитетот на генерацијата се познава по квалитетот на образовниот систем и затоа треба да се залагаме, особено ние креаторите на јавните политики за постојано зајакнување и надоградување на оваа општествена гранка.

На што сте најмногу горд?

На моето семејство, двете ќерки и синот кои растат во здрави услови. На мојата сопруга која е темел на семејството, на прекрасните родители и на моите другари и другарки. Со некои се дружиме дури што се вели од пелени. Горд сум што успеавме низ годините да ја сочуваме искреноста и довербата во нашето друштво.

Со што се релаксирате по напорен работен ден?

Најчесто со семејството, Љубител сум и на природата. Ме релаксира планината, одам на лов и риболов. Рекреативно знаеме да се собереме за баскет, популарната малска серва и билјард. Редовно ги следам натпреварите на нашите ѓорчевски тимови, особено на ФК „Македонија Ѓорче Петров“. Спортот е длабоко всаден во мене и го користам секој слободен миг како човек, но и градоначалник да им дадам поддршка на екипите. Ѓорче е расадник на спортски таленти и задоволство е да се биде на трибините.

Баскет на „кошот на Шидска“
Дали повеќе сакате зима или лето, и зошто?

Повеќе ми е драга зимата. Летно време тешко функционирам со горештините. Во тој поглед сум атипичен, бидејќи во зима сум повеќе аткивен и со поголема енергија.

Дали сакате да патувате, која Ви е омилена дестинација?

Не многу во последно време за разлика од порано, особено по пандемијата. Но, со функцијата и тоа морам да го правам заради службени патувања и меѓународна соработка. Сепак, приватно често патувам во Германија каде привремено живее мојата сестра. Имам посетено многу земји и континенти. Можеби за многумина ќе биде необично, но мојата омилена дестинација и натаму е селото Букојчани, родниот крај на мојот татко.

За што најмногу Ви замеруваат пријателите?

Што не се штедам во последно време во извршувањето на функцијата градоначалник на Ѓорче Петров. Работата не застанува, напротив се зголемува, но тоа ме мотивира и ми дава уште повеќе енергија, особено кога ќе заокружиме некој капитален проект. Граѓаните веќе ја препознаваат нашата заложба за модерно и урбано Ѓорче. Премногу се ангажирам и многу сум посветен. Затоа, кога ќе се видам со нив седам „како на трње“, иако се обидувам да тоа да не се приметува по мене и да им се посветам максимално.

Што Вие би го прашале градоначалникот на Ѓорче Петров?

Што ти требаше оваа функција, дали мислиш дека некој ќе ти рече „фала“?! Како издржуваш со толку наследени децениски проблеми? Како успеваш на сите страни? Од друга страна, веднаш и сум подготвен да му одговорам. Граѓаните се мојот мотив. Нивното задоволство ми е фала. Ѓорче се менува и горд сум што сум дел од таа приказна.

ИЗВОР – УРБАНО.МК

loading...

Watch anime online for free at AnimeFLV english anime

Website https://animeheaven.pro: Watch Pokemon: Pikachu and Pichu animeheaven Episode Full watch anime

GoGoAnime: Zoids (Dub) anime episode 67 online free at https://gogoanime.be dubbed anime

Website https://animeflix.nl: Watch The Wind Rises animeflix Episode Full animeflix kamisama kiss

Yourlisten: http://yourlisten.com/animefreakws

Zeef: https://zeef.com/profile/anime.flix