Aleksandar Naumoski
✅Денеска бев во посета на МОНИВ Интернационал, компанија која е позитивен пример како семејниот бизнис може да добие интернационален предзнак.
🚛Горд сум што во нашата општина успешно функционира фирма која произведува и извезува делови за камиони и автобуси и станува бренд за ламели во Америка, Русија, Азија и Африка.
👍Покрај економските последици кои оваа здравствена криза ги остава зад себе, МОНИВ продолжува со своите инвестиции, преку отворање и на нови работни места.
👉Општината, преку Бизнис клубот останува отворена за соработка со сите компании, се во интерес на економскиот развој на локалната самоуправа и зголемување на вработеноста.