Три години #ПосветеноЗаЃорче! Работиме чесно и напорно. Граѓаните имаат можност да се уверат во тоа преку секојдневните наши активности и капиталните проекти кои ги оставаме за генерациите.
На две локации во Ѓорче Петров се делеше отчет по повод заокружување на третата година од мојот мандат. Администрацијата повторно блиска до граѓаните. Директно ги слушна нивните проблеми и идеи. Токму буџетот за 2021 година е креиран во насока на граѓанските предлози со акцент на урбано-комунални децениски проблеми.
Ќе беше уште подобро да немавме ваква криза од светски размери која привремено ја закочи работата на многу проекти.
Но, продолжуваме посветено.