Маричиќ: Новата енергија која беше видлива преку посетата на Петков треба да се прошири со конкретни чекори
Маричиќ: Новата енергија која беше видлива преку посетата на Петков треба да се прошири со конкретни чекори
Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје - Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји
Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје - Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји
ПРЕКУ ОВА БУГАРИЈА ИМА ДОНИРАНО СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ - Бугарија ќе субвенционира двојно повеќе студенти од Македонија
ПРЕКУ ОВА БУГАРИЈА ИМА ДОНИРАНО СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ - Бугарија ќе субвенционира двојно повеќе студенти од Македонија
ДОМ од Ѓорче Петров бара Владата да помогне да се среди просторот околу поранешната фабрика Купрум
ДОМ од Ѓорче Петров бара Владата да помогне да се среди просторот околу поранешната фабрика Купрум
ОВИЕ ЌЕ ЛЕТААТ И НАД НАШАТА ЗЕМЈА: Шест француски воени авиони Рафал пристигнаа во Грција, дел од зделката вредна 2,5 милијарди евра за кои Франција треба да и даде на Грција 6 нови и 12 користени воени авиони плус муниција и одржување
ОВИЕ ЌЕ ЛЕТААТ И НАД НАШАТА ЗЕМЈА: Шест француски воени авиони Рафал пристигнаа во Грција, дел од зделката вредна 2,5 милијарди евра за кои Франција треба да и даде на Грција 6 нови и 12 користени воени авиони плус муниција и одржување
(ВИДЕО) ВО СРБИЈА СНИМЕНА СЕРИЈА ЗА СЈО И ОРЦЕ КАМЧЕВ - СЕ ВИКА ТАЈКУН, ВО ГЛАВНАТА УЛОГА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ
(ВИДЕО) ВО СРБИЈА СНИМЕНА СЕРИЈА ЗА СЈО И ОРЦЕ КАМЧЕВ - СЕ ВИКА ТАЈКУН, ВО ГЛАВНАТА УЛОГА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ
МИЦКОВСКИ БЕЗ ГРАМ ОСЕТ, ГО ЗЛОУПОТРЕБИ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ДА ЈА ЗАМАРА ЈАВНОСТА ЗА ПОЛИТИКА И НЕГОВАТА ОПСЕДНАТОСТ ЗА ВЛАСТ И МОЌ!
МИЦКОВСКИ БЕЗ ГРАМ ОСЕТ, ГО ЗЛОУПОТРЕБИ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ДА ЈА ЗАМАРА ЈАВНОСТА ЗА ПОЛИТИКА И НЕГОВАТА ОПСЕДНАТОСТ ЗА ВЛАСТ И МОЌ!
Спасовски апелира: Граѓаните уште сега да ги сменат своите патни исправи, ако треба, за да се избегнат летните гужви
Спасовски апелира: Граѓаните уште сега да ги сменат своите патни исправи, ако треба, за да се избегнат летните гужви

НАУМОВСКИ: Посакувам да продолжиме да се издигнуваме како модерна и урбана општина, да работиме со уште посилно темпо, граѓаните да нѐ препознаваат како вредни и работливи и општина на која може да ѝ се верува

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ

Со новиот буџет за 2021 година акцент е ставен на урбано-комуналните децениски проблеми. Заедно со Владата, европските фондови и другите извори на финансирање верувам дека ќе ја заокружиме успешно последната година од мојот мандат. Кога зборувам за успех, мислам на довршување на ветените проекти, рече Наумовски

Дека изминатата година беше навистина тешка за локалната власт, говори и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Тој во интервју за „Нова Македонија“ вели дека и покрај тоа што се работело во вонредни услови, многу од планираните проекти се реализирани. За наредната 2021 година тој најавува уште голем број проекти за решавање на урбано-комуналните децениски проблеми.

Како ќе ја оцените изминатава година како градоначалник?
Беше финансиски тешка и година на неизвесност од повеќе аспекти. Првенствено централната власт, а следствено и општините со сите сили и ресурси мораа да се соочат со еден нов непознат момент – ковид-19, и да најдат начин да се изборат со него. Цела година правиме сѐ што е во наша моќ да држиме рамнотежа со последиците. Активно работи општинскиот кризен штаб, дезинфициравме и сѐ уште дезинфицираме јавни површини, детски игралишта, градинки, училишта, доделивме голем број хуманитарни пакети, обезбедивме таблети за семејствата што не можеа да си дозволат ваков апарат. Ги ослободивме родителите од плаќање трошоци за градинка додека децата не ги посетуваа објектите. Но годината веќе изминува. Мора да гледаме само напред и со позитивна мисла. Ние сме генерација на вечна криза, економска, воена или социјална. Како вечен оптимист верувам дека доаѓаат подобри времиња. Во однос на работата на Општината, може да се каже дека сум задоволен. Верувам дека ќе беше уште подобро да немавме ваква криза од светски размери, која ја закочи работата на многу проекти. Сигурен сум дека ќе бевме поефикасни и навреме со роковите за реализација, имајќи предвид и дека затекнавме долгови, безидејност и немање одржливи проекти. Со новиот буџет за 2021 година акцент е ставен на урбано-комуналните децениски проблеми. Заедно со Владата, европските фондови и другите извори на финансирање верувам дека ќе ја заокружиме успешно последната година од мојот мандат. Кога зборувам за успех, мислам на довршување на ветените проекти.

Што ќе издвоите како најголем проект реализиран во 2020 година?
Иако беше тешка година, Општината реализира доста успешни проекти. За мене гордост е најмодерната градинка во земјата што се гради по сите светски стандарди, која ќе биде пуштена во употреба во 2021 година. Значително ќе се намали бројот на дечиња што чекаат за упис во градинка. Секако, тука се и базенот што интензивно се гради, салата во училиштето „Јоаким Крчовски“ со која децата и рекреативците по 60 години конечно добија соодветни услови за физичко воспитување и за спорт, корзото, кое е при крај со реализација, како и новото штедливо лед-осветлување што е монтирано низ целата општина. Локалниот пат Волково – Кучково и кружниот тек во Волково веќе се пуштени во употреба, реконструирани се над стотина улици во руралниот и во урбаниот дел, а поставени се атмосферска и фекална канализација на места што беа заборавени. Особено е важно што донесовме ДУП-ови со кои ќе се забрза развојот на општината, а истовремено ќе се зачува зеленилото. Ова е гордост за мене и за мојот тим, заедно со Советот, затоа што од заборавена општина сега сме впечатлив дел од Скопје. Иако дежурните душогрижници негираат, нашата работа е очигледна. Развојот е евидентен за само три години.

Која е вашата најголема новогодишна желба како градоначалник?
Приватно и лично, пред сѐ како човек, потоа како градоначалник, посакувам само здравје, другото само ќе си дојде. Особено по ваква тешка здравствена година, која ни покажа дека здравјето нема цена. Година што нѐ научи на поинакви вредности, ни го запре динамичното темпо на секојдневието, на специфичен начин нѐ врати во домовите и нѐ зближи со семејствата. Жал ми е што изгубивме човечки животи во оваа битка, наши сограѓани од кои дел лично ги познавав. Како човек што служел војска се чувствувам немоќен што тешко ни оди борбата со невидливиот непријател. Доаѓаат локални избори во тековната година. Доколку заслуживме, се надевам граѓаните ќе ни ја дадат довербата повторно. Посакувам да продолжиме во вистинската насока по која се движи општината, да најдеме начин да ги преминеме сите пречки и да ја видам земјата во европското семејство.

Што ќе посакате за вас и општината за 2021 година?
Посакувам да продолжиме да се издигнуваме како модерна и урбана општина, да работиме со уште посилно темпо, граѓаните да нѐ препознаваат како вредни и работливи и општина на која може да ѝ се верува. Вистина направивме многу во изминатите три години, реализирани се 80 проценти од изборната програма од претходните локални избори, на што сум особено горд. Во последната година од мандатот посакувам да го заокружам успехот. Желба ми е заедно со централната власт да почнеме со ветената изградба на клиничкиот центар во м.в. Веле Поле, доградба на училиштата „Димитар Поп Георгиев Беровски“ -подрачното во Хром и „Тихомир Милошевски“ во Ново Село и да се реализира јавното-приватно партнерство за изградба на градинка и амбуланта во Дексион. За себе и моето семејство, посакувам здравје, благосостојба во домот, бериќет и љубов.

На што ќе се фокусирате во 2021 година?
Буџетот за следната година, кој е подготвен, ги опфаќа сите маала во општината и сите сфери од општественото живеење. Во изминатите години затворивме безброј урбанистички прашања и изодевме крупни чекори. Дефинитивно останувам фокусиран на вистинскиот пат, а тоа е патот што води до сите граѓани и дејствување во кое нашиот ѓорчепетровец е во центарот на фокусот.

Што ќе им посакате на граѓаните на вашата општина за наредната година?
Само да ги служи здравјето, да се среќни и насмеани. Да бидат повеќе комунално самосвесни и да го ценат трудот и успехот на ближниот. Секоја пречка да ја пребродиме заедно. Среќни новогодишни и божиќни празници.

ИЗВОР: НОВА МАКЕДОНИЈА

loading...

free anime. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

english anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

Naruto: Shippuden

JUJUTSU KAISEN Episode 16

AnimeHeaven Redo of Healer Episode 5

Komi Can’t Communicate Episode 7