Првпат во историјата општината добива затворен објект каде младите генерации ќе може да го развиваат и усовршуваат талентот за пливање и дополнително, преку спортот да го зајакнат психофизичкиот развој. По часовите, базенот ќе може да го користат и рекреативци.
Со одлична динамика се движи неговата изградба. Според состојбата на лице-место, базенот ќе биде пуштен во употреба во предвидениот рок од 18 месеци, односно кон крајот на 2021.
Ѓорче Петров е расадник на спортски таленти. Со вакви современи капитални проекти градени по светски стандарди допринесуваме дополнителнo да ги мотивираме младите да почнат да се занимаваат со спорт.
Општината и натаму ќе биде поддршка на сите клубови, индивидуални спортисти и млади таленти од Ѓорче Петров.